Јутјубери обвинети за малтретирање откако го истуширале детето со ладна вода

Нивното последно видео многумина го нарекле контроверзно. Прегледано е повеќе од 220 илјади пати, а во него нивната двегодишна ќерка ја размачкува содржината од својата пелена по креветчето. Казната за ова е ладен туш. Што мислите вие за оваа воспитна метода?

0
427

Јутјуб ѕвездите Џонатан и Ана Саконе Џоли се обвинети за малтретирање затоа што  својата двегодишна ќерка ја казниле со туширање со ладна вода.

Двојката се прослави со секојдневни влогови кои ги снимаат со своите четири деца на возраст од шест, пет, две и една година.

Инаку, во јуни Џон е награден и со титулата Татко на годината, победувајќи ги конкурентите помеѓу кои се наоѓал и принцот Вилијам.

Меѓутоа, нивното последно видео многумина го нарекле контроверзно. Прегледано е повеќе од 220 илјади пати, а во него нивната ќерка ја размачкува содржината од својата пелена по креветчето.

„Има навика да врши голема нужда во пелена и потоа со раце да ја става на кревет“, објаснила 31.годишната Ана и додала дека нашле решение. Девојчето го истуширале со ладна вода за да ја научат дека не смее да го прави тоа, а по реакциите во јавноста го ибришале спорното видео и објавиле ново од кое ја отстраниле споменатата сцена. Меѓутоа, тоа не ги запрело луѓето да ги запрашаат зошто користат таков метод на воспитување.

„Кутро девојче, премалечко е и веројатно не разбира“, „Само дајте ѝ пристап до ВЦ. Не ја казнувајте затоа што не ѝ е пријатно да лежи во какушки. Ниту вие не би спиеле во тоа. Ова не значи дека е лоша“.

„МНогу е сурово тоа што сте го направиле“, им порачале нивните фанови кои дури и почнале петиција да бидат пријавеи поради малтретирање, со која собрале 368 потписи за само еден ден.

Јутјуберите како одговор на обвинувањата снимиле видео во кое откриле дека се пријавени во полиција поради малтретирање на децата.

„Ќе продолжиме да бидеме најдобри можни родители на нашите деца. Тие се навистина светлина во нашите животи и нема да дозволиме против нас да се води ваква кампања“, порачале..

Овие родители за досега имаат повеќе од 1,9 милиони следбеници.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]