Што ќе направите ако вашето дете јаде кал? Да, ова е трик прашање

Ставот кон калта кажува многу за вас. Ако не верувате, заокружете го бројот пред одговорот што најдобро одговара на вашата реакција

0
87

Иако многу зависи од околностите, разни специфичности и од конкретни ситуации, родителите по прашањето на калта можат да се поделат во три категории. Ставот кон калта кажува многу за вас. Ако не верувате, заокружете го бројот пред одговорот што најдобро одговара на вашата реакција:

1. Дете јаде кал – го носат на Ургентно
2. Детето јаде кал – го тераат да исплука и му ја плакнат устата.
3. Детето јаде кал – размислуваат дали воопшто да зготват ручек денес.

Пред да додадеме на ова некои духовити одговори и забелешки, не е на одмет да се нагласи дека многу психолози не би се согласиле дека постојат само овие три категории – паничен, сталожен и опуштен родител, но, во основа, мајките и татковците се делат токму на тие три категории, иако во пракса, секој родител е и паничар, и сталожен, и опуштен. Тоа понекогаш зависи од ситуацијата, бидејќи калта е тука само за илустрација, а понекогаш и од, како што велат некои мајки, од редниот број на детето.
„Сè беше стерилно со првата, со ќерката што се роди како втора веќе го изгубивме вниманието, а третата редовно ја губевме. Да не спомнувам што сè јадеше и каде сè се пикаше“.

„Колку земја јадев кога бев мала. И земја и вар. Се бесев на железото за тресење тепих, а се пикав и под бетон. Тогаш сето тоа беше нормално … И станав ужасен анксиозен родител кој ништо од тоа не би дозволил! Хорор“, напишала една мајка на Твитер, како одговор на прашањето во која категорија спаѓа.
Всушност, можеби не е во ред овие родители да се нарекуваат паничари. Тие се можеби премногу сериозни, премногу одговорни, искуствено загрижени, природно исплашени, но никој не може да негира дека во суштина нема ништо лошо во нивното однесување, освен ако не е претерано. Важно е само тие да не им ги пренесат на децата своите можни стравови, нервози, паника и вознемиреност и да им дозволат да растат нормално.

„Јас сум број два. Му велам на детето да ја плука калта, додека му ја плакнам устата, се јавувам на лекар да прашам кој лек против глисти да го купам и на крај му го давам лекот“.
Иако ова е полушеговит одговор, вака отприлика би изгледала реакцијата на практичен родител. Тој решава проблеми во движење, без паника, врева и без големи приказни и приговори. Практичните родители се искусни, тие знаат како да проценат колку е опасна или ризична ситуацијата, па затоа постапуваат соодветно. Се разбира, тие нема да реагираат исто ако детето јаде кал и ако става во уста потенцијално отровна црвена бобинка што ја набрал од грмушка. Практичен родител е претпазлив, но тој не е ниту паничар, ниту невнимателен.

„Малку кал, неколку камчиња, неколку треви – целосен оброк. Тоа му доаѓа како главно јадење, салата и десерт, нема потреба да подготвувате уште еден ручек. „Шала на страна, не гледам причина за паника поради работите што ги правеле повеќето деца и ги прераснале без проблеми“, вели еден од опуштените татковци, кој за себе вели дека искуството го спречува да реагира поинаку.
И знаете што … Тој е во право. Опуштените родители не се неодговорни и невнимателни, тие знаат дека децата треба да истражуваат, да се запознаат себеси и својата околина, но и да научат најдобро преку грешките. Тие веруваат дека детето треба да падне, бидејќи само така ќе научи да станува и дека секое искуство е драгоцено. Опуштените родители гледаат на животот од посветлата страна и ги учат своите деца на истото, бидејќи се свесни дека животот е доволно комплициран за да го правиме уште покомплициран.

Во која група родители спаѓате вие?

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]