Што треба да прават бабите и дедовците, а што не треба?

За време на дружењето со бабите и дедовците децата се учат на трпение, на мудроста што ја носат годините, на вредностите на семејството, традицијата и уште на многу нешта. Meѓутоа, како и сѐ во животот, ако не се најде вистинската мерка, нивната улога може да има и контраефект.

0
419

Одлично е познато дека бабите и дедовците имаат многу позитивно влијание на растењето на децата. Тие имаат повеќе време за децата, посмирени се и повеќе се свртени кон уживањето со децата отколку родителите кои се претрупани со секојдневни обврски. За време на дружењето со бабите и дедовците децата се учат на трпение, на мудроста што ја носат годините, на вредностите на семејството, традицијата и уште на многу нешта.

Meѓутоа, како и сѐ во животот, ако не се најде вистинската мерка, улогата (односно, мешањето) на бабите и дедовците можеда има и контраефект.

На современите родители денеска не им е ниту малку лесно. Тие денеска покрај сите семејни обврски, лудото работно време, константната трка и стресот имаат уште и дополнителни проблеми околу недоволно местово државните градинки, прескапите приватни градинки,недовербата кон дадилките,честото разболување на децата во најраниот период. И сето та бара отсуство на родителитеод работа идополнително ги комплицира работите ако ваквите ситуации се повторуваат.

Повеќето денеска ја немаат таа привилегија на „баба и дедо сервис“, а тие кои имаат, поради сите навдени причини, со задоволство го користат. Секако дека на детето му е најдобро да биде со своите најблиски, но ако не се постават правилата на време, одваквите аранжмани долгорочно може да има повеќе штета отколку корист.

Еве на кои ситуации треба да се обрне внимание и што треба да се договорите со бабите и дедовците ако тие виги чуваат децата додека сте вие на работа.

Што треба да прават бабите и дедовците?

Поитувајте ги правилата штоги поставиле родителите – ако нема слатки, тоа значи дека нема.

Ако детето има свој ритам за јадење, играње, спиење – почитувајте го, ставете го детето на спиење кога треба. Така ќе ви биде полесно и вам, ина детето и на родителите кога ќе си дојдат од работа.

Да се гали и да се разгалува детето не е исто. Уживајте со вашите внуци, галете се, но никогаш незаборавајте дека детето мора да научи да почитува правила и во социјалните односи во однесувањето на маса, и со другите деца и секаде кадешто ќе се движи кога ќе порасне. Не му дозволувајте да ја фрла храната, да ве гризе, да се фрла на земја и слично. .

Не се мешајте во одлуките на родителите. Ние разбираме дека ги сакате своите внуци, но децата не може да ги сака никој повеќе од нивните родители. Ако ве прашаат дадете го своето мислење, но не инсистирајте на истото.

Не влегувајте во улга на родител, бидејќи вие не сте им родители. Треба само да ги следите насоките кои ги даваат родителите.

Разговарајте со родителите. Вие сте ги воспитале нив и сега е време да им верувате инив а и себеси дека сте завршиле добра работа. Сослушајте ги, помогнете им и договарајте се. И секако дека не морате да ја прифатите улогата на секојдневен „сервис“, ако имате свои обврски или пак ви е тоа премногу, отворено зборувајте со своите деца (син или снаа) и обидете се заеднички да најдете решение.

Што треба да прават мајките и татковците?

Не ги земајте бабите и дедовците здраво за готово. Тие имаат свој живот ине мораат да ги чуваат вашите деца по 10 часадневно. Тие го прават тоа од љубов кон вас икон вашите деца, но тоа не значи дека треба да ја злоупотребувате таа љубов.

Сослушајте ги ако имаат нешто да ви кажат. Можеби тој нивни предлог ќе биде поволен за вас и за децата. Некој кој поминува толку време со вашето дете стекнал доволно уви во тоа што му треба или што му одговара на детето.

Секако дека не мора сѐ да прифатите, но сослушајте ги.

Помогнете и вие колку што можете, особено ако имате 2 или повеќе малидеца. Ако имате време направете од вечер ручек за следниот дн, направете ужина, помогнете им на бабите идедовците денот да им помине поубаво.

И секако, ако видите дека им е премногу тешко, побарајте друго решение или обидете седа им ги намалите обврските.

Фото: Pixabay

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]