Што се случува со бебето во вашата матка кога спиете на грб?

Дури неодамна е направено истражување на Универзитетот во Окланд, кое следело што се случува кога жената спие на грб во текот на ноќта

0
402

Сигурно веќе знаете дека во одминатите месеци од бременоста треба да спиете на страна. Во овој период е невозможно да спиете на стомак а не е добро да спиете на грб. Таа положба може да создаде притисок на матката врз крвните жили, ограничувајќи го протокот на крв во срцето и вашето бебе. Но, дури сега е направено истражување кое следело што се случува со бебето кога жената спие на грб во текот на ноќта.

Научниците од Универзитетот во Окланд користеле инфрацрвени видео камери за снимање на бремени жени за време на спиењето, покрај следењето на срцевиот ритам на мајките и бебињата. Секоја од 30 бремени жени кои учествувале во студијата била помеѓу 34-та и 38-тата недела од бременост, а секоја бременост била без компликации.

Врз основа на она што веќе се знае за ограничениот проток на крв додека спиете на грб, не е изненадувачки што фетусот е помалку активен кога мајката е во таа позиција. Изненадувачки е колку брзото свртување на мајката на грб влијае на бебето, штом таа ќе ја смени позицијата од колк на грб, нејзиното бебе веднаш станува помалку активно. Сето ова звучи многу пострашно отколку што е навистина. Нормално е да се менуваат позициите за време на спиењето, и ако се разбудите на грб, не паничете. Треба да вежбате спиење на страна, а можете да користите реквизити како перници.

„Треба само да се поместите малку настрана за да го намалите притисокот; тоа значи дека е доволно само да ставите перница под колкот и рамената на едната страна. Перницата поставена вака ќе ви даде чувство на лежење на грб, удобно сместена, но ќе бидете доволно свртени и вашата матка повеќе нема да создава притисок“, објасни гинекологот Хедер А. Смит за The Bump.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]