Што се случува кога ги одгледувате децата близу до дедовците и бабите

Како и топлината на прегратката на мајката, љубовта што ја даваат бабите и дедовците е нешто свето и чисто. За многумина од нас, посетата на баба и дедо подразбира разгалување, бескрајни игри до доцна во ноќта и малку дополнителна слобода.

0
1024

Одењето кај баба и кај дедо е како целодневна забава. Тоа се луѓе кои имаат да ви пренесат многу приказни, мудрост и бонбони без да ве осудуваат. Кога ќе пораснете и ќе имате свои деца, сфаќате колку е важно за нив да имаат тесни врски со вашите родители.

Има многу предности да се имаат баби и дедовци кои живеат во близина. Ние знаеме дека бесплатното чување на децата е едно, носењето на децата кај нивните дедовци и бабички е како подарок кој се разделува на три начини. Вие, вашите родители и вашите деца сите се дел од тоа!

Ние објаснуваме зошто подигањето на децата во близина на баба и дедо е добра работа. Иако некои од вас можеби веќе живеат близу до вашите родители, оние што размислуваат да се оддалечат (или да се приближат) можеби ќе најдат овде доволно материјал за размислување.

Ги учи децата да се грижат за своите постари

Не само за постарите во семејството, туку постарите луѓе воопшто. Тие учат да развиваат чувство на почит и грижа кога станува збор за оние од постарите генерации.

Им помага на бабите и дедовците да живеат подолго

Истражувањата покажуваат дека дозволувајќи им на постарите да чуваат деца и на друг начин да го поминат времето со мали деца, доведува до подолг животен век. Кога ќе станат повремени старатели, тоа влијае на нивниот животен век и нивото на среќа со зголемување на двете работи!

Децата ја учат својата историја

Освен забавни приказни тие слушаат за детството на нивните родители, децата исто така слушаат од баба и дедо за она што тие го знаат за семејната историја. Учењето за нивните корени може да им даде на децата некои основи и доза на благодарност за почетоците на своето семејство.

Екстра поддршка

Тоа ви помага да направите резервна поддршка за вашето дете. Кога тоа има потреба од рамо за плачење или за совет, можеби не сака секогаш тоа да дојде од вас. Можеби ќе му треба токму совет од мајката на вашата мајка.

Добро е децата да имаат друго возрасно лице како извор на ментална и емоционална поддршка додека растат. Експертите велат дека децата, исто така, имаат корист од дополнително чувство на безбедност и помалку стрес.

Полесно е планирањето на празниците

Ајде да го признаеме тоа: семејните собири се плнираат полесно кога повеќето од нас се во близина. Децата сакаат да помогнат во кујната, да научат семејни рецепти под покровителство на мајсторите за готвење, а бабата обично сето тоа го прави најдобро.

Ние гледаме мала штета во негувањето на здрави врски со постарите во нашата средина, а семејствата играат огромна улога во тоа како ги третираме нашите постари. Ако сте доволно среќни да имате слатки баби и дедовци кои живеат во близина, давајте им љубов додека можете!

Дали сте вие некој кој раснел со баба и дедо во близина? Дали ги гледате бенефитите од тоа вашите деца да живеат близу до бабите и дедовците?

Преземено од тука.

[better-ads type='banner' banner='999' ]