Што мислите за „баба и дедо сервис“?

Стручњаците велат дека одгледувањето на децата во близина на бабите и дедовците има големи предности, а еве и пет научни причини зошто e тоа така. Што мислите вие?

0
597

Постои нешто неверојатно посебно во силната врска помеѓу бабите и дедовците и внуците и е многу подлабоко од колачите и бесплатното чување на децата.

Не е секогаш едноставно и понекогаш подразбира подолги патувања, но кога негуваме позитивна врска помеѓу бабите и дедовците и нивните внуци – нашите деца се на голема добивка.

Често се вели дека бабите и дедовците се склони кон разгалување на децата, но сета таа дополнителна љубов не ги прави децата послаби – ги прави посилни.

Еве пет причини зошто цврстата врска со баба и дедо е неверојатен дар.

1. Децата ќе имаат вграден систем на поддршка

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд открило дека децата кои се блиски со бабите и дедовците имаат помалку емоционални проблеми и проблеми во однесувањето и подобро излегуваат на крај со трауматичните животни настани, како што се разводите или врсничкото насилство. Бабите и дедовците можат да пружат вистинско чувство на сигурност и поддршка кои им помагаат на децата во текот на периодите на развој, полни со предизвици.

2. Меѓугенерацискиот идентитет ја зголемува детската отпорност

Уште едно истражување тврди дека меѓугенерацискиот идентитет или разбирањето на семејната историја може да ги направи децата поотпорни и да им помогне повеќе да чувствуваат контрола над својот живот, дури и кога светот надвор од нивното семејство изгледа како да е надвор од контрола.

3. Заради блиската врска со бабата и дедото децата имаат помалку предрасуди кон повозрасните лица

Еден ден сите ќе остариме и можеме само да се надеваме дека следната генерација нема да биде дискриминаторска кон нас. За среќа, најдобар лек против предрасудите кон повозрасните лица е негувањето на односите помеѓу децата и нивните баби и дедовци. Според истражувањето кое вклучувало околу 1150 белгиски деца на возраст помеѓу 7 и 16 години, децата кои биле блиски со бабите и дедовците покажувале помалку предрасуди кон возрасните и постарите лица отколку децата кои имале слаба или никаква врска со бабите и дедовците.

4. Блиската врска со бабата и дедото ги штити децата од депресија во подоцнежната возраст

Истражувањето спроведено во 2014.година се покажало дека постои врска помеѓу односите помеѓу бабите и дедовците и постарите деца со помало нивио на депресија – и за внуците, но и за бабите и дедовците.

За бабите и дедовците, блиската врска со нивните внуци, за време на детството, но и кога ќе бидат возрасни луѓе, ги поттикнала на нови идеи, а за возрасните внуци значела предност поради животното искуство и советите кои ги добивале од бабите и дедовците.

5. Бабите и дедовците заради децата живеат подолго

Науката е прилично јасна кога тврди дека блиската врска помеѓу внуците и бабите и дедовците е добра за сите: Децата се поотпорни, бабите и дедовците поздрави – поради меѓугенерациските врски навистина се сите во добивка.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]