Што кога детето ќе посака домашно милениче?

Пред вашиот иден миленик да ви стане секојдневје, поразговарајте со детето и нагласете му кои ќе бидат неговите идни обврски.

0
512

Кога после толку солзи и ветувања ќе одлучите да ја задоволите желбата на вашето дете и да му ја отворите вратата на домашното милениче, размислете и за изборот на детското ново другарче, затоа што тоа мора да му одговара на возраста на детето.

Морско прасе, куче или мачка?

Ако веќе немате домашно милениче, тоа не се препорачува додека детето не наполни барем три години. За возраст од 4-5 години најдобро одговара морско прасе затоа што е лесно за одржување, ретко гризе и сака да се гали. Сепак, предупредете го детето дека има тенки коски и дека треба да е нежно со него.

За дете на возраст од 5 до 10 години е најдобро да се земат рипчиња или птица затоа што е доволно зрело да се грижи за нив. А на возраст од 10 години па нагоре можете да се одлучите за куче или маче, па дури и за некои поегзотични животни.

Никогаш не му земајте куче на четиригодишно дете колку и да сакате да го израдувате. Тоа едноставно не е подготвено да преземе толкава одговорност па животинчето ќе биде запоставено. Освен тоа, може да се случи по неколку денови и да му здодее. Истовремено, ви се допаѓало тоа вам или не, вие ќе мора да чистите по него, да го водите на прошетки, да го храните…Но, што можете?

За домашен миленик треба време

Затоа избегнувајте да земете домашно милениче заради „љубов на прв поглед“. Прво добро размислете затоа што тоа не е нешто што можете да го испробате па да го вратите. Пред да се одлучите, добро распрашајте се за неговите навики, посетете неколку сопственици кои веќе имаат таков миленик, а разгледајте ја и можноста да посвоиуте некое напуштено животинче на кое ќе му дадете нова шанса, наместо да купувате куче со педигре.

Поразговарајте и со детето и објаснете му кои ќе бидат неговите обврски. Притоа, зборувајте со тон кој не трпи спротиставување, инаку токму вие ќе бидете „жртва“ на овој „договор“.

Сите домашни миленици си бараат многу време и енергија. На едно куче  му треба доста простор, секојдневно четкање, секогаш свежа храна и вода, треба да се води на ванкцинирање, да се води грижа за неговото здравје, да се пази да не „заработи“ паразити. Размислете, можеби за вас и за вашето дете  мачката би била подобар избор. Со мачките има помалку обврски, не треба да се носат на прошетки, а не им треба ниту многу нега.

Значи, пред да земете домашен миленик треба да бидете сигурни дека вашето дете добро сфатило што и колку се очекува од него.

[better-ads type='banner' banner='999' ]