Што кога бебето ќе престане да цица?

Иако кај повеќето доилки ширум светот главен проблем со доењето е недостатокот на млеко, постојат ситуации кога бебето едноставно само престанува да цица. Тоа за мајката може да биде особено вознемирувачки. Еве неколку одговори зошто доаѓа до ова и како да се справите.

0
659

Стручњаците велат дека одбивањето од дојката кај бебињата се случува од главно непознати причини, а знае да се случи бебето да го изненади или да го исплаши нешто на градите и едноставно да не сака повеќе да цица. Може да се случи мајката да викне нешто гласно додека бебето цица, или поголемото дете да направи нешто што би го преплашило бебето. Ако не можете да се сетите дека се случил некој ваков инцидент, постојат уште неколку причини заради кои бебето би можело да го одбие доењето.

На бебињата помеѓу 4 и 7 месеци старост е многу лесно да им се сврти вниманието од она што го прават во одреден момент дури и кога станува збор за цицање. Од друга страна, на некои бебиња шишенцата и цуцлите им се поинтересни од брадавиците и ако на бебето му дадете премногу рано да пие од шишенце, постои голема можност тоа да престане да цица само од себе.

Исто така може да се случи бебето да реагира на овој начин на стрест под кој се наоѓа мајката, а никнувањето на запчиња или некоја друга болест, исто така можат да бидат причини. Бебето главно престанува да цица заради комбинација на неколку фактори, а добра вест е што ваквите прекини обично траат неколку дена и потоа сѐ се враќа на старо. Ние сепак имаме неколку совети што да правите тие неколку денови за да го одржите создавањето на млеко и да го натерате бебето што побргу повторно да почне да цица.

Обидете се на бебето да му ја понудите дојката додека спие или веднаш штом ќе се разбуди, додека уште не е расонето. Голема е веројатноста дека ќе ја прифати без размислување.

Во текот на тие неколку денови често галете се, играјте си и засејувајте го бебето и што почесто обезбедете му го на бебето контактот „кожа на кожа“. Во принцип, треба да направите сѐ за да го ослободите бебето од стрес. Можат да помогнат и топли купки, комбинацијата на топла вода со мајчинската близина можат да го наведат бебето повторно да цица.

Ако е можно обидете се барем некое време да ги отфрлите сите цуцли и шишенца и давајте му ги другите течности на бебето со помош на лажичка.

Ако ништо од сето ова не помогне, тогаш би било добро да побарате стручна помош и да се посоветувате со стручњак за лактација, со бабица или со педијатар.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]