Што значи кога бебето силно клоца во стомакот?

Речиси секоја трудница чие бебе е многу активно во стомакот се запрашала дали ќе биде бебето толку живо и после породувањето. Што значат тие силни удари, движења и превртувања?

0
3249

Сите ние би сакале што побргу да дознаеме каков карактер ќе има бебето уште пред да се роди, па ги бараме знаците во секое мало движење кое тоа ќе го направи во матката. Може ли според движењата на бебето во стомакот навистина да се предвиди неговиот карактер?

Стручњаците велат дека не постои никаква врска помеѓу тоа колку е активно бебето во текот на бременоста и нејзиниот карактер после породувањето. Исто така, тие нагласуваат дека недостатокот на активност на бебето во стомакот не мора секогаш да биде причина за грижа.

Фетус стар 32 недели спие 90-95 отсто од времето и ако мајката чувствува дека недостасува активност на бебето во стомакот, сепак нема причина за грижи, особено ако е бременоста уредна и ако редовно оди на контроли. Сепак, ако се грижите разговарајте со лекарот и бројте ги ударите на бебето.

Дали сте забележале дека во некои денови вашето бебе се движи повеќе или помалку од обично? Зголемената количина на храна и пијалок што ги внесувате може да ја засили активноста на бебето. Стручњаците објаснуваат дека е тоа затоа што иако бебето не ја јаде храната која вие ја внесувате, го дели со вас вашиот шеќер во крвта кој се покачува кога ќе изедете нешто или ќе се напиете чаша сок. Кога нивото на шеќер во крвта ќе се промени, ударите на бебето доаѓаат како реакција.

Повеќето жени ќе ги почувствуваат движењата на бебето пред петиот месец од бременоста, тие движења во остатокот од бременоста не мора да бидат редовни и континуирани. Како што расте бебето, можете да почувствувате помалку движења затоа што просторот во матката се намалува. Втора причина која влијае на кога ќе ги почувствувате првите движења на бебето е и положбата на матката, вашата телесна тежина, како и тоа дали станува збор за прва или втора бременост.

На пример, ако е постелката наместена до предниот ѕид од матката, спротивно од грбот, тоа може да ги блокира движењата на бебето и движењата ќе ги почувствувате дури подоцна во бременоста. Исто така, не мора секогаш да се случи движењата на бебето да ги почувствувате во раната бременост , може да се случи дури околу 20.недела од бременоста да почувствувате благи удари. Важно е да не кревате паника и да мислите дека нешто не е во ред, посебно ако редовно одите на контроли.

Значење на движењата

 

Позицијата на бебето во стомакот може да влијае на начинот на кој мајката ги чувствува движењата. Мајките ќе почувствуваат повеќе удари во оние делови од стомакот кадешто се наоѓаат екстремитетите на бебето. Ако главчето на бебето е свртено надолу, ударите ќе ги чувствуваат  во горниот дел од стомакот додека мајките чии бебиња се свртени со нозете надолу ќе чувствуваат помалку удари. Исто така, ако грпчето на бебето е свртено кон предната страна на стомакот исто така ќе почувствуваат помалку удари отколку мајките лии бебиња се свртени нанапред. Ако е бебето свртено со грбот ударите можете да ги почувствувате во горниот лев агол од стомакот, а ако е свртено  со лицето нанапред, ударите ќе бидат посилни и почести.

Кога станува збор за бременост со близнаци, трудницата може да чувствува движења од двете страни на стомакот што е обично еден од раните знаци на близначка бременост.

Како и да е, не треба да ве загрижува секое движење на бебето или недостаток од истото. Редовно одете на контроли и слушајте ги советите на вашиот лекар. И да, ако е бебето мирно во стомакот, не мора да значи дека ќе биде мирно и после породувањето и обратно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]