Што да се прави кога детето има температура?

Кога станува збор за здравјето на бебето, новопечените родители знаат да се испаничат на секој и најмал симптом за настинка или грип кај своето бебе. Еве неколку совети, но пред сѐ, не паничете затоа што овие мали суштества се многу поотпорни отколку што си мислите 

0
22362

Првото искуство со покачена температура може да биде многу застрашувачко за родителите и тоа е сосема нормално, но треба да знаете дека повеќето причинители за висока температура кај бебињата се главно безопасни, а на лекар би требало да се јавите само доколку е температурата повисока од 38 C.

Телесната температура е многу важен дел од одбранбениот систем на човечкиот организам, а кај малку постарите бебиња висока температура може да се појави и кај најобична настинка.

За среќа, обично ваквата состојба трае многу кратко. Овие напади во никој случај не се знак на некое потешко заболување и немаат никакви штетни последици.

Храна и напитоци

Ако детето има покачена температура би требало да го зголемите внесувањето на течности и обрнете внимание на неколку работи:

Не му давајте на детето премногу овошни сокови или пак разредете ги со иста количина вода.

Ако повраќа, слободно дајте му сладолед или некои желе бонбони

Кога имаат покачена температура децата можат да јадат, но не ги терајте да јадат ако немаат апетит. Кога се болни децата сакаат храна која не е премногу тешка, тврда или зачинета. Дајте им леб, тестенини, крекери или топла овесна каша.

Како да ја третирате температурата?

Кога детето има покачена температура никако не го претоплувајте премногу дури и ако има грозница затоа што тоа може да ја влоши состојбата.

Детето облечете го во лесни памучни пижами и покријте го само со удобен чаршаф. И температурата во просторијата исто така треба да е пријатна, ниту премногу топло, ниту премногу ладно.

Кога станува збор за лекови, на детето можете да му ги давате сите оние сирупи или таблети кои се соодветни за возраста и на начин кој ви го советувал лекарот.

Ако бебето има најмалку три месеци, пред било каква употреба на лекови посоветувајте се со лекар.

Пред употреба на било каков лек, треба да ја знаете тежината на детето заради правилно дозирање.

Парацетамол може да му давате на бебето на секои 4 до 6 часа, а ибупрофен на секои 6 до 8 часа. На бебињата помлади од 6 месеци не им давајте ибупрофен.

Аспирин можете да им давате само и исклучиво ако тоа ви го советува лекар.

По давањето на лек температурата не мора веднаш да се симне на нормална, но детето ќе се чувствува добро ако спадне макар и смао еден степен.

За симнување на температурата можат да помогнат и купки со млака вода, а избегнувајте масирање со медицински или било каков друг алкохол.

Кога да повикате лекар?

Ако забележите некои од следните симптоми, задолжително јавете се кај лекар:
Детето се однесува поинаку и не му е добро дури ни кога температурата ќе му се намали.
Симптомите на грозницата упорно се враќаат
Детето плаче без солзи
Бебето не мочкало најмалку 8 часа
На лекар треба да одите и во следните ситуации:
Бебето е помало од 3 месеци и има температура повисока од 38
Бебето е на возраст помеѓу 3 и 12 месеци и температура од 39 степени.
Детето е помладо од 2 години и температурата не се симнува 48 часа.
Детето има температура над 40, освен ако не се симне и се однесува нормално кога ќе му дадете лек.
Ако покрај температурата постојат и други симптоми како болки во грлото, увото, пролив, повраќање, кашлица.
Детето боледува од тешки болести на срце, дијабетес, цистична фиброза …
Детето неодамна примило вакцина

Итна помош повикајте во следните ситуации:

Бебето постојано плаче и не можете да го смирите
Бебето тешко се буди или не можете да го разбудите
Делува збунето
Не може да оди
Има проблеми со дишењето дури и ако е носето чисто.
Има силна главоболка

Вратот му е вкочанет
Одбива да ги мрда рацете или нозете
Има напад.
Ако се нафрли или му се појават модрици.

[better-ads type='banner' banner='999' ]