Што ако детето изеде премногу цимет?

Циметот се користи речиси во сите колачи кои се прават, особено во овој период од годината, па треба да се внимава колку колачи ќе изедат децата, за да не го надминат лимитот од 30 грама цимет за еден ден. Имено, циметот природно содржи хемиска состојка - кумарин, која во високи дози може да го оштети црниот дроб.

0
475

Иако е пријатно ароматичен, циметот, кој се користи во бројни колачи и јадења и според некои, е „крал на зачините“, природно содржи хемиска состојка кумарин, која во високи дози може да го оштети црниот дроб.

Бидејќи децата имаат ниска телесна тежина, не е тешко да се прекорачи дозволената количина кумарин, а тоа е, не повеќе од 30 грама дневно.

Децата кои тежат околу 15-тина килограми не би требало да јадат повеќе од 30 грама цимет во колачи, во текот на еден ден, велат германските стручњаци.

За работата да биде уште покомплицирана, секој вид на цимет има различна количина на кумарин. На пример, кинескиот цимет има повеќе од цејлонскиот.

Хепатоксичното соединение Кумарин е во принцип забранет како адитив на храната заради можната хепатоксичност.

Станува збор за хемиско соединение со бензопиронска основа кој им дава мирис на билките.

Родителите кои често го користат циметот како зачин би требало да се определат за цејлонскиот или да бидат сигурни, односно, на децата да им го ограничат циметот на минимум.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]