Штом се родат имаат Инстаграм или фејсбук профил

На интернет постојано се водат расправи на темата: Дали е во ред на бебињата да им се отвараат профили на социјалните мрежи? Додека едни го одобруваат овој тренд, други се згрозуваат и тврдат дека е тоа лошо за децата.

0
128

Многу славни мајки се фалат со своите деца на социјалните мрежи. Некои од нив им отвориле и Инстаграм профили на своите тукушто родени бебиња. Околу тој нов тренд веднаш започна расправа. Додека едни го одобруваат овој тренд, други се згрозуваат над фактот дека тие собираат лајкови на сметка на децата.

„Во животот нема ништо поважно од бројот на следбеници на Инстаграм…21 век“, заклучил еден следбеник на малата Бејли Ди, ќерка на Ела Дворник (која пак е ќерка на покојниот хрватски пејач Дино Дворник). Некои коментираат и дека славните ги користат децата за да рекламираат разни производи. На многумина пак не им сметаат децата на Инстаграм.

Американската риалити ѕвезда Кло Кардашиан исто така ѝ направила профил на својата ќерка на социјалната мрежа. Тру Томсон нема ниту еден месец, а на Инстаграм веќе ја следат повеќе од 213.000 луѓе. Таа бројка секојдневно расте со голема брзина иако на профилот с уште нема објавени фотографии.

И Роб Кардашиан, братот на Кло, ѝ направил Инстаграм профил на својата ќерка Дрим.

Тенисерката Серена Вилијамс го роди своето прво дете, ќерката Алексис Олимпија во септември минатата година. Две недели по породувањето, Серена ѝ отвори на ќерката профили на неколку социјални мрежи.

Бумер Фелпс, ќерка на пливачот Мајкл Фелпс и манекенката Никол Џонсон, има Инстаграм профил со 786 илјади следбеници. Родителите редовно поставувааат фотографии од малечката Бумер на Инстаграм па таа е веќе онлајн ѕвезда иако има само две години.

[better-ads type='banner' banner='999' ]