Шест неочекувани начини на кои може да се забремени

Може да се забремени дури и ако сте веќе бремени, ако го отворате кондомот со заби, ако имате анален секс, па дури и ако носите долна облека при петинг.

0
4132

Повеќето луѓе веруваат дека ги знаат сите факти за бременоста и контрацепцијата, но гинекологот др.Мери Џејн Минкин објаснува дека постојат и по малку бизарни, но и многу реални начини за забременување со кои се среќавале лекарите во својата пракса.

Аналниот секс не е контрацепција

Во денешно време сѐ повеќе млади се впуштаат во анален секс, погрешно верувајќи дека тој не носи ризик од бременост.
Сепак, фактите го зборуваат спротивното – спермата не мора секогаш да заврши исклучиво во анусот.
Дури и ако пенисот пенетрира во анусот, мали количини од сперматозоидите може да се најдат кај вагиналниот отвор.
Бидејќи вагината и ректумот се близу, тоа не е ништо необично. Исто така, пролапсите на ткивото кај некои жени можат да резултираат со тоа што спермата ќе тргне по друг пат и така ќе се најде во вагината“, објаснува Минкин.

Отварање на кондомот со заби

Дури третина од луѓето ги отвараат пакувањата со кондоми со заби, не сфаќајќи колку со ова ја загрозуваат сигурноста на својата контрацепција.
Забите можат да го оштетат кондомот иако пукнатините нема да бидат видливи со око, а студиите покажуваат дека невнимателното ракување со кондомот, користењето на стари пакувања и неоставањето место на врвот, предизвикуваат дури 90 отсто непланирани бремености со користење на тој облик на заштита.

Петинг преку долна облека

Иако повеќето луѓе не би помислиле дека е можно, лекарите предупредуваат дека е можно да се забремени дури и при петинг со долна облека.
Иако шансите за ова се мали, постои можност од „истекување на течноста“ низ отворите на боксерките или пак ако гаќичките на жената се потргнати.

Може да се забремени дури и ако сте веќе бремени

Овој невообичаен и редок медицински феномен се нарекува суперфетација, а им се случува на жените кои забременуваат но продолжуваат да овулуираат. Второто оплодено јајце се вгнездува во ѕидот од матката предизвикувајќи и втора бременост која за жал не завршува добро.

Комбинација од маслен лубрикант и кондом

Овие две нешта не треба да се мешаат, освен ако не планирате дете, но во тој случај, презервативот ви е и онака вишок. Лубрикантите врза база на масло го уништуваат латексот во кондомите, па се создаваат микроскопски дупчиња во него кои ја пропуштаат спермата.

„Зезање“ под вода

„Може да се забремени во базен, када или на море“, тврди др. Минкин. Дури и ако мажот не го стави врвот од пенисот во вагината, ако спермата се најде во близина на вагината, постои ризик, иако е многу мал.

[better-ads type='banner' banner='999' ]