Родителите на Мејсон Моц сметале дека нивниот син има проблеми со комуникацијата поради развојно пореметување. Но, по рутинско одење на стоматолог откриле дека врзаниот јазик е вистинската причина за неговата состојба. Родителите на Моц, Мередит и Далан, велат дека минатата година, едвај можел да зборува.
„Почетокот на зборовите немаше крај. Навистина лош изговор“, изјавила неговата мајка Мередит за „CBS“.
Семејството од Тексас ги лоцираше говорните проблеми на Мејсон во неговата состојба со аневризма на мозокот откриена кога тој имал 10 дена и со развојно нарушување. Но, на почетокот на минатата година, нивните животи се променија . Кога отишле кај стоматологот, додека докторката Еми Лудеман-Лазар работела на некои шуплини, забележала дека јазикот на Мејсон е врзан за непцето.
Таа забележала дека лентата од ткивото под јазикот е пократка од нормалната, што го отежнува зборувањето. Таа ги прашала родителите дали може да направи едноставна процедура и да користи ласер за да го пресече ткивото. Потребни биле само околу 30 секунди. Резултатите, изјавила докторката, го менуваат животот.
Студиите откриле дека состојбата е распространета помеѓу четири и десет проценти од доенчињата. За Мејсон, малата поправка направила голема разлика. Неговите родители почнале да ја забележуваат таа промена подоцна истата вечер.
„Наместо да покажува на храната или на устата, тој можеше да каже: „Мамо, гладен сум“, рекол неговиот татко Далан.
Семејството е благодарно што нивниот чудотворец е токму нивниот стоматолог.
„Ова не ни паѓаше на памет и не беше нашата цел. Нашата цел беше да му ги подобриме забите“, изјавил Далан.
Д-р Луедаман-Лазар вели дека ваквото откритие е една од работите кои ја мотивираат да оди на работа секој ден.