Подобро од Нутела

Ако вашите деца претеруваат со купечките намази од типот на нутела, кои се полни со шеќери и други додатоци, тогаш е време за нешто друго. За нешто здраво и многу многу вкусно

0
338

Направете го заедно овој чоколаден намаз од урми и испробајте. Гарантираме за вкусот, а за здравствените придобивки на урмите, уште повеќе.

Потребни ви се следните состојки:

1,5 чаша лешници

7 лажици какао во прав

8 свежи урми

2/3 чаши вода (или млеко по ваш избор)

Прстофат морска сол

2 лажици кокосово масло

2/3 лажичка екстракт од ванила

Приготвување:

Мелете ги лешниците додека не добиете смеса која е слична на путер од јаткасто овошје. Можеби ќе треба да додадете малку течност.

Додадете ги преостанатите состојки и продолжете да мешате додека не се направи компактна смеса.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]