Четири совети кои ќе им помогнат на децата да останат мотивирани за време на онлајн наставата

Рутината е исклучително важна, бидејќи не само што му дава структура на вашиот ден, туку е и психички корисна. Најновите истражувања покажаа дека децата се чувствуваат побезбедно и поподготвено кога нивните животи имаат предвидлива рутина.

0
364
Фото: Pexels

Пандемијата со коронавирус трае речиси една година, па многу деца се принудени да следат часови преку Интернет, а сите се согласуваат дека е ова прилично тешка задача.

Британската служба за национална статистика открила дека повеќето британски деца се борле со учењето од дома за време на првиот карантин, а три четвртини од родителите сметаат дека причината за ова е недостаток на мотивација.

Што можат родителите да направат за нивните деца да останат мотивирани?

Тимот од Essential Living заедно со советничката Кери Кигли, која е акредитирана од Британското здружение за советување и психотерапија, за да им дадат совети на родителите за тоа како да им помогнат на своите деца да бидат мотивирани да учат во овие предизвикувачки околности.

Држете се до рутината

Рутината е исклучително важна, бидејќи не само што му дава структура на вашиот ден, туку е и психички корисна. Најновите истражувања покажаа дека децата се чувствуваат побезбедно и поподготвено кога нивните животи имаат предвидлива рутина.

Советничката Кери Кигли вели: „Децата учат подобро во структурирана рутина. Кадешто е можно, одржувајте постојан режим на спиење, време на оброците и редовни паузи. Ова ќе им помогне на децата да ја одржат концентрацијата и нивоата на енергија”.

Вашата рутина треба да биде слична на вообичаениот училишен ден, вклучително и престојувањето на отворено, учење различни вештини и редовни паузи.

Смислете систем на награди

Системот за награди е одлична мотивациска алатка што наставниците ја користат за да ги охрабрат децата да направат нешто во што можеби нема да уживаат, наградувајќи ги за нивната напорна работа и добро однесување.

„Важно е да запомните да ги фалите и наградувате нивните достигнувања. Тоа ќе резултира со самодоверба на вашето дете и ќе ја охрабри независноста”, смета Квигли.

Воведете помагање во домашните работи

Помладите деца сакаат да помагаат во домашните работи и се горди на тоа кога ќе видат нешто што помогнале да се создаде.

Ние често се фокусираме на една област на учење како математика или наука, но забораваме дека можеме да избереме активности кои вклучуваат неколку концепти за учење. На пример, помагањето во кујната е одличен начин децата да научат нови вештини. Тие ќе ја разберат важноста на хигиената и миењето на рацете, ќе прочитаат етикети на производите, ќе размислат за важноста на урамнотежената исхрана и ќе научат како да избегнат несреќи во кујната, но и како да постапуваат во случај на изгореници.

Ова е еден начин да се поттикне независноста на детето, но исто така и неговиот развој на самодоверба.

Охрабрете ги да останат поврзани со надворешниот свет

Вашето дете не треба да се одвојува премногу од надворешниот свет. За да им помогнете во ова, дозволете им да комуницираат преку Интернет со врсниците.

Исто така, обидете се да закажете повици со наставник или со член на семејствота за да разговарате за напредокот на учењето и другите активности на детето во текот на денот.

Знаењето дека можат да разговараат со некого надвор од нивниот дом може да им даде на децата стимул што може да им биде потребен, пишува Мирор.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]