Четиригодишно девојче ја прослави својата победа над ракот

Семејството на девојчето одлучило да направи убави фотографии од својата ќерка кои го обиколија светот и станаа вирална надеж и поддршка за сите други!

0
301

Има толку многу работи за кои се подготвуваат новопечените родители или оние кои ќе станат родители. Тие се подготвуваат за фактот дека ќе им се намали времето за спиење, дека еден ден нивните деца ќе мораат да одат во основно, потоа во средно, а потоа и на факултет, а некои веќе се подготвуваат и фантазираат за денот кога ќе се мажи нивната ќерка. Во секој случај, многу семејства се соочуваат со многу убави работи, но има и моменти кога некои од нас треба да се соочат и со многу потешки вести.
Во март 2020. година, семејството Боуден се соочило со незамисливото – на нивната убава, насмеана, четиригодишна ќерка Лули Бет ѝ бил дијагностициран карцином. По посетата на лекар, на семејството му било кажано дека Лула има тумор на Вилмсов тумор на бубрегот, тумор за кој излегло дека има големина на фудбалска топка. Тој веќе бил во втора фаза и лекарите и семејството одлучиле веднаш да започнат со агресивна терапија, што значело отстранување на туморот, но и на бубрегот. После неверојатно тешката операција за толку мало тело, ова храбро девојче се соочило со дури 13 рунди хемотерапија за само 22 недели и низ сите поминало со насмевка на лицето. „Таа е светлоста на нашето семејство“, изјавила мајката на Лула, Кристин Боуден. „Таа не се пожали ниту еднаш и сето тоа го одработи љубезно“.

За само четири кратки години, колку што се наоѓа на овој понекогаш суров свет, Лула издржа повеќе отколку што многу од нас ќе издржат во целиот свој живот. Нејзината сила, храброст и позитивност го инспирираа и нејзиното семејство и светот, и сите тие беа многу среќни кога на 28 август семејството Боуден ја доби веста дека Лула влезе во ремисија. На прослава, семејството одлучи да направи убави фотографии од својата ќерка кои го обиколија светот и станаа вирална надеж и поддршка за сите други!

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]