Уште неколку причини да го доите своето бебе

Освен што вашето дете ја добива најдобрата можна храна во првите месеци од животот, доењето позитивно влијае врз здравјето на мајката, а истовремено, заштедува многу пари кои инаку би ги фрлиле на скапата детска храна.

0
323

Сите знаеме дека доењето е најприродниот и најдобриот начин на хранење на детето во првите месеци од животот. Некои мајки ја немаат таа можност и поради најразлични причини немаат млеко, но има и такви кои и покрај тоа што имаат, од најразлични причини одлучуваат своето дете да го хранат со вештачка замена за мајчиното млеко.

Сите мајки знаат дека доењето е воедно и најефтината, но и наједноставната варијанта за исхрана на бебето: нема потреба од стерилизација на шишенца, од фрлање купишта пари и соочување со алергии кај бебето на одредени типови на вештачка храна, …

Освен што со доењето на детето му се дава најдобрата можна храна во првите месеци од животот, тоа позитивно влијае врз здравјето на мајката, но и врз домашниуот буџет.

Еве уште неколку причини зошто не треба да се откажете од доење доколку имате млеко.

Доењето го намалува ризикот од рак на дојка.

Жените кои ги дојат своите деца го намалуваат ризикот од појава на рак на дојките  дури 25 отсто. Што повеќе се дои, тоа е помал ризик од појава на рак на дојките.

Доењето го намалува ризикот од рак на матката и јајниците

Во текот на периодот на лактација нивото на естроген е помал од вообичаеното. Се верува дека намалувањето на количеството на естроген влијае врз слузницата на матката како и врз ткивото на дојката намалувајќи го ризикот од појава на тумор во нив.

Доењето го намалува ризикот од појава на остеопороза.

Жените кои одлучиле да не дојат имаат четири пати поголем ризик од појава на остеопороза во однос на жените кои дојат. Покрај тоа, доилките имаат помал ризик од кршење на коските на колковите во менопаузата.

Доењето е добро и за емоционалното здравје на мајката

Доењето не е добро само за физичкото здравје на мајката, туку и за менталното. Истражувањата покажуваат дека со доењето значително се намалува постпородилна депресија и анксиозност.

Доењето помага во намалување на бројот на килограми

Според голем број истражувања жените кои доеле по породувањето многу побрзо го намалиле вишокот на килограми и масните наслаги и полесно се вратили на тежината што ја имале пред бременоста.

Доењето ви заштедува пари

Со доење може да се заштедат пари. Ниту една храна не може да се спореди со мајчиното млеко.

[better-ads type='banner' banner='999' ]