Туна и правосмукање се тајната за квалитетен детски сон

Ако секоја вечер се борите да ги натерате децата да спијат, можеби е време да ја вклучите правосмукалката. Така барем вели експертот за здрав сон др. Нерина Рамлакхан

0
198

Доколку секоја вечер водите битка да ги натерате децата да спијат, можеби е време да започнете со правосмукање. Имено, експертот за здрав сон др. Нерина Рамлакхан открила дека звукот на правосмукалкатта е добар пример за тоа како белите звуци ги смируваат децата.
Таа има уште неколку совети за сите родители на оваа тема.

Туна
Хормоните како што се серотонин и мелатонин помагаат за подобро спиење, а она што децата го јадат влијае на нивната хормонална рамнотежа, вели Др. Рамлакхан.
„Туната е одличен извор на серотонин, па затоа е идеален избор за вечера. Пилешко, сирење, јајца, ореви и млеко се исто така на списокот на пожелна храна”, објаснува за The Sun.

Правосмукање

Кога ги испраќате децата во кревет, веројатно не сакате да правите бучава затоа што се плашите дека ќе ги разбудите, но правосмукањето навистина може да помогне.
„Белите звуци, произведени од правосмукалка, создаваат смирувачка околина и можат да ги успијат разиграните детски умови“, вели д-р. Рамлакхан.

Млеко

Чаша млеко пред спиење има долга традиција, и тоа не е без причина. Д-р Рамлакхан вели дека ист ефект има и чашата какао, но треба да се понуди барем еден час пред спиење за да се избегне често станување за во тоалет.

Вежби
Никој не сака да ги рассони децата пред спиење, но вежбањето е начин да се намали адреналинот што ќе резултира со подлабок сон. Затоа, др. Рамлакхан препорачува физичка вечерна активност, што е одличен начин да ги натерате децата да заспијат.

Лаванда
Детската соба мора да биде топла и пријатна, а мирисот на лаванда смирува, па можете да ја истриете во постелата на децата или на пижамите за да им помогнете на децата да се релаксираат.

Технологија
На квалитетот на спиењето на возрасните, вклучително и децата, влијаат таблетите, телевизорите и другите уреди што испуштаат сина светлина, па ним не им е место во просторијата кадешто се спие. Воведете правило сите уреди да се исклучат еден час пред спиење, советува експертот.

Разговор

Наместо да имате сериозен разговор со вашето дете пред спиење, разговарајте за денот што поминал, прашајте ги децата како го поминале своето време или што сакаат да прават утре. Избегнувајте теми поврзани со училишните обврски и не ги принудувајте да зборуваат за работи што ги загрижуваат или ги вознемируваат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]