Треба ли родителите да ги кријат негативните и непријатни емоции пред своите деца?

Дали се затворате во спалната соба или во купатило за да се исплачете? Во моментите на бес излегувате од дома и одите некаде да се издувате? Страв ви е од првиот ден на новата работа, но глумите дека сте среќни? И сето тоа го правите затоа што не сакате вашите деца да видат или да почувствуваат непријатни и негативни емоции?

0
286

Настојуваме да ги заштитиме децата од сѐ што е негативно, па и од самите себе ако се чувствуваме така. Но прашање на време е дали со тоа навистина ги штитиме или им криеме еден нормален и нужен дел од својата личност од кој би можеле да научат и нешто добро?

Повеќето родители ги кријат тагата, стравот, лутината, љубомората, бесот или срамот пред децата затоа што не сакаат децата да се грижат или да страдаат заедно со нив. Меѓутоа, ако пред нив не плачеме или не гриземе нокти, тоа не значи дека децата нема да ги почувствуваат нашите емоции.

Имено, постои феномен кој се нарекува „емоционална зараза“ според кој емоциите можат невербално да се пренесат од една на друга личност. Само како пример, стравот од забар родителите без ниту еден збор можат да му го пренесат на своето дете, затоа што детето ги впива невербалните знаци на детето, говорот на телото, молчењето, енергијата, расположението.

И уште повеќе, ако пред децата молчиме и не сакаме да признаеме дека сме лути или преплашени, а нашето тело и енергија едноставно „врескаат“ од фрустрации или страв (затоа што физиолошки реагираме со покачен притисок, потење, ментална расеаност и слично), децата тоа ќе го впијат, а можеби и ќе помислат дека се тие виновни за тоа. Ќе мислат дека сме им лути, дека сме загрижени заради нив.

Децата имаат интуиција и можат да не почувствуваат, но имаат и бујна фантазија која во околностите на криење на непријатните емоции може да здивее и вистински да ги преплаши децата кои мислат дека со родителот се чувствува нешто страшно.

Искреноста е секогаш најдобар избор

Не е нужно да се навлегува во секој детал заради што се чувствуваме лошо, но стручњаците велат дека е најдобро да се биде искрен со детето и без паника и драма да му се објасни како се чувствуваме. Доволно е да му се каже: Мама е тажна затоа што се скарав со една пријателка на работа“ или „Тато е многу лут затоа што денеска некој му го изгребал автомобилот на паркинг и сега ќе треба да потрошиме многу пари за тоа да се поправи“.

Децата најмногу учат со набљудување. И ако видат дека ние возрасните имаме непријатни емоции, но со нив се соочуваме, ги признаваме и ги препознаваме, па конечно и ги совладуваме, и децата ќе имаат добар модел како да го научат тоа и самите.

Кога се мали можеме да ги заштитиме од некои непријатни емоции, но кога ќе пораснар, ќе мораат да најдат во себе механизми и начини самите да ги совладаат негативностите.

Што не се препорачува да се прави?

Неконтролирано изразување на бес и на тага од страна на родителите не се корисни за детето. Ако телото, разумот и срцето на родителите интензивно и бурно се совладани до емоции, без обиди таа состојба да се регулира или да се преземе контрола, тоа ќе остави несакани последици на децата.

Кршење предмети по дома, гневни и агресивни изрази на лицето, обвинување на некој друг  нашата лутина, се примери за тоа како пред децата не треба да се изразуваат емоциите.

Затоа е многу важно родителите да се научат да ги контролираат сопствените негативни емоции, за тие да не станат агресивни, заканувачки и бурни.

Важно е родителите да си ги разјаснат себеси сопствените емоции за да можат на посталожен начин да им ги објаснат на децата и да зборуваат за нив.

Не е поентата во тоа целосно да ги криете чувствата или баш силно и интензивно да ги покажувате пред децата, туку да разговарате со децата за секоја емоција, што ја предизвикало и како да излезете на крај со неа.

Затоа, следниот пат кога ќе ве обземе лутина, страв, тага или некоја друга непријатна емоција, објаснете му на детето што се случува со јазик кој тоа може да го разбере со оглед на својата возраст. Тоа исто така може да биде добро за вас. Можеби ќе се изненадите колку побргу се исцелувате кога ќе добиете разбирање и утеха од детето, па дури и ако таа ви биде дадена на оној наједноставен, детски начин.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]