Тинејџер помогнал да се спаси момче оддалечено 1.200 км благодарение на ТикТок

Момче повикало помош откако го следело во живо, на ТикТок, преносот на неговиот врсник кој емитувал возејќи го своето возило на четири тркала и притоа доживеал несреќа

0
108

13-годишниот Кејден Котнор од Њу Хемпшир го гледал во живо, на ТикТок видеопреносот на 12-годишниот Трент Џарет од Западна Вирџинија кој возел мотор на четири тркала и наеднаш нешто му станало чудно.

„Одеднаш сликата исчезна, се виде блесок на светлина и го слушнав како кажува телефонски број“, рекол Кејден.

Имено, детето кое доживеало несреќа и завршило заробено под тркалата на своето возило, успеало да го каже телефонскиот број на своите баба и дедо, единствениот на кој се сетил во тој момент.

Кејден веднаш го повикал бројот, а Трент го пронашле неговите родители дваесетина минути подоцна. Тој паднал од возилото на четири тркала и останал заробен под него. Беше полн со посекотини и модринки.

Кејден го следел Трент на ТикТок затоа што тие споделувале исти интереси за лов и риболов. Тинејџерите ги делат 1287 километри, па за првпат се запознале на Зум, по несреќата за Трент да му се заблагодарат на Кејден затоа што му го спасил животот.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]