Тинејџер заради домашни обврски го пријавил татко си за „илегална детска работа“

Кинеските медиуми неодамна објавиле случај со 14-годишно момче кое ја шокирало полицијата обвинувајќи го својот татко за „илегална детска работа“ бидејќи бил принуден да работи дома.

0
257

Бизарен инцидент, наводно, се случил оваа недела во кинеската провинција Анхуи.

Имено, таткото бил незадоволен бидејќи неговиот син постојано поминувал време на телефон и ги занемарувал училиштето и домашните задачи, па го замолил да го остави телефонот и да заврши некоја работа дома.

Лут на својот татко, тинејџерот се излегол кришум од куќата кога неговиот татко не обрнувал внимание и отишол директно во полициската станица и го обвинил неговиот татко за „илегална детска работа“.

Дежурните полицајци навистина не разбрале што се случува кога 14-годишното момче го изнело своето обвинување, па го испратиле до дома за подобро да ја разберат ситуацијата. Кога полицаецот му објаснил на таткото на момчето за што го обвинил неговиот син, таткото ја кажал својата страна од приказната.

Според кинеските закони, домашните работи не се илегален детски труд, па родителот е ослободен. Меѓутоа, полицаецот се обидел да открие како момчето може да го пријави својот татко заради нешто што можело да го одведе зад решетки.

Откако не добил одговор од тинејџерот, полицаецот го советувал таткото да го дисциплинира, како и дека одземањето на паметниот телефон изгледа како добра идеја некое време. Момчето одговорило: „Дали навистина мислиш дека го имам само тој мобилен телефон? Вие сте наивни!“

Бизарната ситуација стана вирална на кинеските социјални мрежи, а луѓето ги советуваат неговите родители сериозно да поразговараат со момчето пред да биде предоцна.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]