Сè што ми остана од него, е само една снимка од ултразвук …

Не можам да ја опишам мојата тага додека бев во родилната сала опкружена со други бремени жени. Тие знаеја дека по големи маки и болка, ќе го слушнат гласот на своето бебе. Јас само чекав да заврши кошмарот, без зборовите „Браво мамо, честитки! …“ Ова е само една од приказните на жените кои загубиле бебе

0
381

Загубата на бебе носи голема болка, дури и кога станува збор за губење на бебе во првите недели од бременоста. Секоја жена се справува со оваа загуба на свој начин. Мајките на форумите честопати ги нарекуваат своите изгубени бебиња ангели. Подолу можете да ги прочитате емотивните исповеди на неколку мајки по загубата на нивните бебиња.

„Не се чувствувам себеси. Ништо во мојот живот никогаш не ме повредило толку многу. Не можам да дишам … Мислам на него цело време и го сакам многу, многу. И ми недостига. Имам грдо, бесконечно чувство на празнина во мојот стомак. И јас постојано размислувам за неговите прстиња на ногата од ултразвукот … затоа што ми остана само една снимка на ултразвук … а толку го чекав денот кога ќе го прегрнам. Но, дури и ако никогаш повеќе нема да имам деца, јас веќе го имам него, мојот мал син“.

„Кога ми рекоа дека не се слушаат отчукувањата на срцето, посакав и мене да ме снема затоа што мислев дека никогаш нема да се извлечам од тоа. Плачев нонстоп, со денови, кошмарите ме убија, не се ни осмелував да заспијам. Но, тогаш некој ми ја кажа најголемата вистина, а тоа е дека ако сакам да имам бебе еден ден, прво мора да бидам јас добро затоа што ако ме нема мене, нема да има ниту бебе“.

„Јас дури и не знам дали имам сила да го напишам сето ова, денес беше денот на мојот термин за породување, и наместо да бидам среќна, јас седам сама, очајна, плачам затоа што моето бебе го нема. Многу ми е многу тешко, бев 9 месеци бремена, се породив и не го донесов бебето дома. Не знам зошто се случи тоа, не знам дали ќе добијам некаков одговор на тоа, дека имало причина за тоа или ќе морам на крајот да кажам дека тоа било Божја волја, а тоа не можам никако да го прифатам. Бременоста беше во ред, бебето напредуваше убаво, сè беше совршено, а потоа само така наеднаш малото срце престана да чука и моето бебе повеќе не беше живо. Пред 21 ден, морав да го родам мојот син кој не беше жив. Болка и тага“.

„Станувам, ме распарчува празно чувство, подготвувам горчливо кафе и знам дека ништо не е погорчливо од ова чувство на празнина. Да можам да го вратам времето само 7 дена назад. Кога сè беше нормално. Силна сум, си велам себеси. Нема да дозволам да го изгубам духот. Јас не сум единствената, има и полоши и потешки загуби. Градите ми се стегаат, срцето ми чука со ненормална брзина, имам чувство дека ме боли. Велат дека срцето не може да боли. Е па, лажат, моето боли. Солзите веќе направија бразди на моето лице, се плашам од огледалото. Снегот надвор покри сè, и сè беше бело, празно. Сакам да ми се врати мојот живот. Паднав на дното, се скршив, ја бришам крвта од раната на душата, но сè уште е таму. И знам дека со време ќе престане да крвави, но лузната ќе остане“.

„Нашите приказни не би требало да бидат реални.

Претпоставувам дека тоа што ни се случи не може да се замисли како опција сè додека не се случи.

Кога отидов на преглед во 15 недела, немаше повеќе отчукувања на срцето. Лежев во собата со трудниците, гледајќи во стомакот и го прашував своето бебе зошто починало. Не реагирав воопшто на индукцијата. Некако мило ми беше што и моето тело не сакаше да го пушти …“

„Дури и денес, мислам за тоа како би изгледал и како би се викал и каков би бил. За мене наједноставно е да прифатам: смрт без причина, да не се обвинувам себеси и другите зошто не се роди (инаку сега би имал девет години). И нема да лажам, и денес боли, но тука е ќерка ми. Да имаше среќа, ќе имаше постар брат“.

„Се сеќавам како точно одев во породилиштето, со солзи. Ги вадам работите за бебето од торбата подготвена за „породилно“ (пелени, боди, крем), ги вадам, а рацете ми се тресат, едвај стојам. Тага, неопислива. Одам во родилиште, и знам дека ќе се вратам дома со празни раце. “

„Само чекав да помине болката, секој нов ден беше нова борба. Со сама себе, со сопругот, со родителите, со тажните лица на моите пријатели, со сочувствителниот поглед на познаниците. Јас често плачев заради тие погледи, бидејќи секогаш ме потсетуваа на мојата загуба. Страшно е …“

„Не можам да ја опишам мојата тага додека бев во родилната сала опкружена со други бремени жени. Тие знаеја дека по големи маки и болка, ќе го слушнат гласот на своето бебе. Само чекав да заврши кошмарот, без зборовите „Браво мамо, честитки! …“ Плачев за цело време на породувањето …“

„Бев во средината на 13-тата недела и воопшто не крвавев. Дијагноза – missed abortion (пропуштен абортус). Се чувствував како да имам кошмар од кој не можам да се разбудам. Не би му го посакала тоа ниту на најголемиот непријател! “

„Таа ноќ чувствував болка во градите, се борев за воздух, како што се бореше и тој и знаев дека наместо да се молам за живот, се молев за душата на мојот ангел кој замина без мајка му и да го допре“.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]