Супата на мама е највкусна

Дали некогаш вашата мајка или баба ви направила домашна супа што ве потсетува на оваа?

0
298

Сите велат дека децата најмногу сакаат нездрава храна, но ако се потрудите, веројатно ќе ја засакаат и вкусната домашна супа што ќе им ја подготвите  вие дома.

Некогаш се знаеше редот. Секој ручек почнуваше со вкусна домашна супа. Најчесто од коска или пак од кокошка. Се разбира, не од оние од кеса, туку вистинска. Прво целата куќа ќе замирисаше на варена кокошка или пак на коска. Се ставаше зеленчук, моркови, задолжително, а на крајот, исто така задолжително, јајце со павлака или кисело млеко. И сите јадевме супа.

И децата и возрасните.

Најдобро е кога месото ќе го ставите во ладна вода и ќе го варите еден час, а зеленчукот ќе го додадете подоцна.

Некаде пред крајот, се мешаат две жолчки со 1 павлака кои потоа се ставаат во тенок млаз во супата со постојано мешање и тешко дека децата нема сакаат да ја јадат.

Напротив, ќе уживаат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]