Студија: Со помалку играчки децата се покреативни и поинтелигентни

Детските соби и игротеките со помалку играчки ја поттикнуваат креативноста и когнитивниот развој на децата, открива една понова студија

0
94

Премногу опции во игротеките и во детските соби може да го преокупираат и преоптоварат детето, така што тоа не може да се фокусира – или да научи нешто од – било која од нив, открива неодамнешната студија.

Намалувањето на бројот на играчки резултира со покреативна, имагинативна игра, откриваат истражувачите.

За студијата, истражувачите од Универзитетот во Толедо им дале на децата по 4 или 16 играчки.

Децата со помалку играчки се занимавале со секоја играчка подолго време, ја проучувале, ја набљудувале и експериментирале со неа.

Поголемиот број на понудени играчки го намали квалитетот на детската игра”, пишуваат авторите на студијата. „Помалку играчки одеднаш може да им помогнат на децата да се фокусираат подобро и да играат покреативно”.

Децата со четири играчки покажале еден и пол пати повеќе интеракции со играчките отколку децата со 16 играчки, што покажува дека тие си играле на пософистицирани, напредни начини”, додаваат тие.

Ова има позитивни импликации за многу аспекти на развојот, вклучувајќи и креативна претстава, самоизразување, физички вештини како што се финалната моторна координација и решавање на проблемите”, пишува психологот Сузан Њуман за Psychology Today.

Студијата се одразува на наодите од еден германски експеримент во кој сите играчки биле извадени од неколку градинки на период од 3 месеци.

На децата им останале само нивните клупи, столици и ќебиња.

Најпрво им било здодевно до солзи. Но, вториот ден, тие станале креативни.

Почнале да градат тврдини, да ги превртуваат своите клупи и да прават возови и да изведуваат циркуси и драми.

Нивните вештини за цртање и сликарство.

Сметаме дека децата [кои учествувале во експериментот] се концентрираат подобро, подобро се интегрираат во групи и подобро комуницираат од децата кои не учествувале”, рекла Елке Шуберт, германски службеник за јавно здравје.

Затоа, не заборавајте, играчките треба да ги има помалку и тие да бидат едноставни, па децата можат да ги користат како алатки за активирање на имагинацијата, наместо пасивно да се забавуваат. Блескавите, високотехнолошки играчки можат да бидат премногу стимулативни и се поврзуваат со АДХД.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]