Среќен 1. роденден злато на мама, те сакам најмногу на светот?!

„Среќен роденден злато мамино, ти си нашиот најголем благослов, јас и тато ти ја посакуваме сета среќа на овој свет. Твојата насмевка е нашата светлина. Денот кога се роди ни го смени животот. Ова е твој ден, нека ти е среќен 2.роденден. Две години среќа, една полна вреќа“, читам на Фејсбук и збунета сум.

0
4643

Дали и вам не ви се јасни мотивите поради кои се пишуваат вакви роденденски честитки на Фејсбук? Зошто? Вашето дете сигурно нема Фејсбук, а незнае ни да чита, па која е тогаш поентата? Кому му се наменети ваквите честитки?!

Или пак, Среќен роденден тато, ќе полнеше 72 години, а си замина прерано. Ми недостасуваш, особено денеска, на твојот роденден. Те сакам засекогаш!

Ама таткото е починат, нели?

Кому му се тогаш наменети ваквите честитки на Фејсбук?

„Среќен роденден злато мамино, ти си нашиот најголем благослов, јас и тато ти ја посакуваме сета среќа на овој свет. Твојата насмевка е нашата светлина. Денот кога се роди ни го смени животот. Ова е твој ден, нека ти е среќен 2.роденден. Две години среќа, една полна вреќа“, читам на Фејсбук и збунета сум.

Тоа детенце нема Фејсбук, нема да го прочита ова, а плус и воопшто не знае да чита. Од каде е таа потреба на децата да им го честитаме роденденот на социјалните мрежи?

Не, немам ништо против прекрасните семејни фотографии и родителската љубов, впрочем, оваа љубов е најсветата љубов што постои, но навистина нема потреба на вашето дете да му честитате  роденден на Фејсбук. Која е целта? Да нагласите колку многу го сакате и цел свет да слушне за тоа? Па нели е тоа нормално? Сите родители ги сакаат своите деца најмногу на светот, сите им сакаат сѐ најдобро и би си го дале животот за нив. Зарем не е доволно само да напишете дека му е роденден и да објавите заедничка фотографија од прославата на роденденот? Мислам, ако веќе ви е толку важен тој Фејсбук, ама има ли навистина потреба од вакви трогателни објави на Фејсбук?

Зарем никому не му се чудни овие бесмислени честитки? А потоа и сите тие коментари под нив: „Нека е живо и здраво сонценце, голем да расте, го сака тета Рада“, се исто така чудни. Оти, сонценцето ќе ја почувствува таа љубов кога тета Рада ќе му дојде на гости, кога ќе го прегрне и можеби ќе му купи некоја интересна играчка, а не кога ќе му напише на Фејсбук дека многу го сака. Сонценцето не е свесно за тоа, тоа нема Фејсбук, нема потреба за честитки со лично обраќање.

Или пак оние фотографии кадешто детето самото зборува за тоа што го прави. На пример, под фотографијата на детето и неговиот миленик во градината, стои описот: „Ова е мојот пријател Баз, многу сакаме да трчаме заедно“.

А потоа цела низа хаштази кои се користат за апсолутно секоја детска фотографија: #mysunshine, #babylion, #theloveofmylife, #myhappiness, #familygoals, итн.

Наместо да губите време пишувајќи емотивна роденденска  честитка на Фејсбук која ќе ги трогне сите ваши виртуелни пријатели и ќе собере 200-300 лајкови и стотина коментари, потрошете го времето на попродуктивен начин, давајќи му ја љубовта на вашето дете кое е веројатно тука некаде до вас.

На пример, направете му сами интересна торта со неговиот омилен лик, полна со слатки изненадувања и израдувајте го.

Нели сметате дека оваа честитка за роденден вашето дете подобро ќе ја разбере? Гушнете го, прегрнете го, бакнете го едно стотина пати!

А роденденските честитки за вашите најблиски кои починале? Зошто?!?

Впрочем, ако ви е толку важно да напишете нешто, пишувајте дневник! Или е тоа премногу – старомодно?!

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]