Средба на две мајки во ЗОО парк, жена и женка горила (ВИДЕО)

Две мајки од двете страни на стаклото стојат со своите бебиња во рацете, гледајќи се една со друга. Едната човек, другата горила

0
275

Кога новата мајка Емили Остин решила да ја посети зоолошката градина во Бостон со нејзиниот петмесечен син, не очекувала дека ќе се зближи со женка горила со која го дели истото искуство на мајчинството.

Со својот син кој спиел, влегла во просторот со горилите и веднаш забележала дека горилата Кики внимателно ја гледа низ стаклото. „Беше толку слатко, таа го гледаше мојот син повеќе од пет минути, со израз на љубов на лицето“.

Тогаш Кики ѝ дала знак да дојде и да ѝ го покаже бебето подобро, и повторно го гледала со израз полн со љубов неколку минути. И тогаш го донела неодамна родениот син Пабло до стаклото.

Две мајки од двете страни на стаклото стоеле така со своите бебиња во рацете, гледајќи се една со друга, а сопругот на Емили ја снимил оваа средба со камера. „Никогаш не сонував дека ќе доживеам нешто толку прекрасно. Многу луѓе ме запреа и рекоа дека ова е една од најубавите работи на кои присуствувале. Беше навистина трогателно, се чувствуваа емоциите во воздухот“, рекла Емили.

Ако сакате да видите како изгледала оваа неверојатна средба, погледнете го видеото:

[better-ads type='banner' banner='999' ]