Спиеше што спиеше досега, сега веќе нема спиење

„Лелее, многу боли, да не те лажам, 24 саати на бокс лежев, мислев ќе се умира“. „Спиј додека можеш, после нема спиење“. „Детето на сосетката од вакцина доби аутизам, јас не би ти препорачала“. И така натаму, и натаму. Само што ќе каже некоја дека е бремена, не ја штедат, сите, од другарките, колешките, сосетките, па дури и жени што не ја ни познаваат.

0
344

Времињата се менуваат и секое си има некоја своја особеност. Иако, можеби е почесно да се каже дека времето не е виновно за сѐ, туку има нешто и до нас. Ние сме се смениле, дефинитивно…

Некогаш на младите двојки, кога ќе соопштеле дека чекаат прво дете или кога бебето ќе се родело, сите им честитале искрено и од срце, се радувале, ги храбреле, им нуделе помош. Денеска ги плашат.

Дали во меѓувреме бебињата станале пострашни од триглави аждаи или ние сме го загубиле компасот?

„Лелее, многу боли, да не те лажам, 24 саати на бокс лежев, мислев ќе се умира“. „Спиеше што спиеше досега, сега веќе нема спиење“. „Детето на сосетката од вакцина доби аутизам, јас не би ти препорачала“. И така натаму, и  натаму. Само што ќе каже некоја дека е бремена, не ја штедат, сите, од другарките, колешките, сосетките, па дури и жени што не ги ни познаваат.

Од страшните приказни за породувањето, а потоа и сите други маки со кои ќе се соочите како мајка. Де можеби нема да имаш млеко, де можеби ќе имаш млеко, ама бебето нема да сака да цица.  Или пак, ќе биде лакомо, ќе цица, ама потоа ќе има грчеви, па ќе плаче по цела ноќ. Потоа пак следува страшното никнување на запчиња пострашно од најстрашното, па ќе следуваат совети за некакви си килибарни ѓерданчиња.

Потоа продолжуваат приказните за сите можни болести кои ги прележале нивните деца, а ве чекаат и вас, новопечените родители, а тука се и еден куп други на кои ќе наидете на интернет.

Нема да ве поштедат буквално од ништо, ниту од приказните за тоа како бременоста им го деформирала телото, ниту од хемороидите со кои мака мачат оттогаш наваму, сѐ до тоа дека повеќе нема да имате можност ниту да се истуширате како човек, а не пак да се нашминкате и да се дотерате.

И тогаш почнувате да се плашите од своето неродено дете, не можете да спиете од грижи, па постојано одите на сите можни новосмислени контроли.

Не поминуваат подобро ниту идните татковци.

Неговите другари, колеги, познаници, па дури и мажите со кои повремено вежба во теретана, ќе имаат потреба да ги споделат со него сите страшни работи врзани со одгледувањето дете.

Исто така, нема спиење ниту за него, ниту пак некогаш веќе ќе има чиста и неповратена кошула, како и место во сопствениот кревет во кој набргу ќе се вгнезди детето. Нема веќе нови и чисти седишта во автомобилот, ниту пак ќе може да одгледа спортски натпревар на мира. Сите следни годишни одмори ќе морада ги поминува во здодевни семејни летувалишта кадешто е убаво за деца, а ќе мора да заборави и на сексот и на интимата во брачната постела, а пак потребите на децата, ќе им ги изедат сите пари, па нема да има ниту за пиво со другарите.

Оние со големи деца пак, нема да се воздржат да не ве заплашат дека грижата за бебето не е ништо во споредба со онаа за големите деца. И така, сѐ додека не решите да кажете ДОСТА!

Не дозволувам да ме плашат, зата што ова што се случува е најубавото нешто во животот. Секој со својата приказна, а вие слушајте ги само оние убавите.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]