Неколку училишта на југот од Кина користат „паметни“ училишни униформи со чипови за да можат да надгледуваат дали учениците бегаат од часовите, известуваат кинеските медиуми.
Униформите имаат чипови кои ги локализираат учениците и можат да го регистрираат секое влегување или излегување од училиштето, навеле медиумите повикувајќи се на фирмата која произведува такви униформи.
„Кога ученикот ќе стигне во училиште, чиповите го фотографираат неговото влегување во зградата“, изјавил директорот на едно основно училиште во провинцијата Гуејџоу која ги користи „паметните“ униформи од ноември.
Според неговите зборови, половина од 1.400 ученици во училиштето носат такви униформи. Најмалку десет училишта во таа и во соседната провинција Гуангси ја користат таа нова техника за надгледување на учениците.
Ако ученикот излезе од училиштето без дозвола, чипот го вклучува вокалниот аларм. Некои училишта веќе забележале поголемо присуство на ученици во училиштата.
Фото: Pixabey