Со сок од калинка трудниците можат да го подобрат развојот на мозокот на бебето

Сокот од калинка е полн со состојки кои се нарекуваат полифеноли кои поминуваат низ бариерата на мозокот и докажано го штитат од развој на неуродегенеративни болести, пишува Дејли мејл.

0
566

Постојат многу работи кои трудницата може да ги направи за да влијае на развојот на бебето во стомакот.

Трудниците кои пијат сок од калинка можат да потпомогнат за развој на мозокот кај бебето во стомакот. Истражувачите откриле дека трудниците кои пиеле 240 мл сок дневно ги зголемиле конекциите во мозокот на бебињата кои не се развивале со нормално темпо во матката.

Сокот од калинка е полн со состојки кои се нарекуваат полифеноли кои поминуваат низ бариерата на мозокот и докажано го штитат од развој на неуродегенеративни болести, пишува Дејли мејл.

Тимот од Биргам и Женската болница во Масачусетс истакнале дека ова може да ја намалипотребата за инванзивни третмани како што се операциите откако бебео ќе се роди.

Тоа се случува во помеѓу 3 и 10 отсто од бременостите, соопштиле од Универзитетската болница во Сан Франциско. Бебињата чии мајки пиеле сок од алинка, ималеподобра конекција во мозокот, што научниците го сметаат за последица од делувањетона антиоксидансите што ги содржи калинката.

Мерењата кои ги направивме ни кажаа многу за функционалниот развој на мозокот. Не ги видовме разликите во растот на мозокот и бебето, но воочивме подобрување во поврзаноста и циркулацијата, како и во визуелниот развој на мозокот“, рекол еден од авторите на истражувањето.

Потребно е да се направат дополнителни истражувања во оваа област, но секако се советува употребата на овој сок во бременоста.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]