Со вежбање во бременоста го поттикнувате развојот на мозокот кај бебето

За ова истражување било потребно 10 бремени жени да вежбаат три пати неделно по 20 минути

0
177

Мајките кои вежбаат во бременоста им даваат добар ветар во грб на своите деца од самиот старт.

Имено, истражувањата докажуваат дека физичката активност на мајката во бременоста го поттикнува развојот на мозокот кај бебето. Само три дваесетминутни вежби неделно ви е доволно за да го постигнете тоа.

За ова истражување било потребно 10 бремени жени да вежбаат три пати неделно по 20 минути

Некои од нив трчале, други пливале, а трети брзо оделе или возеле велосипед.

Другата група жени биле физички неактивни.
Кога се родиле бебињата истражувачите ја мереле нивната мозочна активносат ставајќи им на главите стотици електроди. Бебињата на мајките кои многу вежбале многу полесно разликувале еден звук од другиот, што е доказ дека мозокот на бебињата чии мајки вежбале за време на бременоста, побрзо се развил.

[better-ads type='banner' banner='999' ]