Со брилијантната идеја на една британска учителка до фит ученици

Идејата на поранешната учителка во Стирлинг, Елејн Вајли, станала глобален тренд во Велика Британија: секој ден учениците трчаат 15 минути низ школскиот двор и на тој начин се секогаш фит, и умствено и физички

0
387

Дневната милја (или во оригинал – Daily Mile), e генијална идеја на една поранешна учителка во Стирлинг, Велика Британија која станала глобален тренд.

Елејн Вили, која благодарение на оваа идеја е прогласена за учителка на годината, осмислила едноставна идеја со која се надминува кризата со дебелината на училишните деца, а се подобрува и нивото на концентрација на децата. Освен тоа, на децата им е ова супер забавно.

Станува збор за тоа што децата секој ден трчаат 15 минути низ училишниот двор. Идејата не е да се натпреваруваат помеѓу себе, иако некои од нив го прават и тоа. Но идејата е да се „издуваат“ и тоа 15-минутно, одење или трчање низ училишниот двор да биде дел од нивното секојдневје.

Ова е добар начин да се надмине кризата со дебелината на децата, а доказ за тоа се токму учениците кои ја практикуваат „дневната милја“ секој ден и кои практично ја елиминирале дебелината во училиштето.

A simple way to get school children fit

This simple way to get schoolchildren fit has now spread to 32 countries (via BBC World Hacks)

Posted by BBC World Service on среда, 2 Мај 2018

[better-ads type='banner' banner='999' ]