Се отвараат бесплатни школи за родителство во Македонија

Роса вода и Министерството за здравство ги отвараат првите школи за едукација на трудници и родители во Македонија

0
325

Во здравствените домови во најмалку 10 градови во соседна Србија веќе функционираат Роса школи за родителство какви што, како што најавија на денешната конференција за новинари, ќе се отворат и во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, во Клиничката болница во Битола и во Општата болница во Гостивар.

Пивара Скопје и Министерството за здравство го најавија својот најнов проект наменет за  сите заинтересирани идни родители во Македонија.

Основната цел на овој проект е едукација на идните родители и останатите членови од семејството како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги.

Првите Роса школи во Македонија ќе бидат отворени во последниот квартал од 2018.година.

„Чест ми е што заедно со Пивара Скопје го започнуваме овој проект од кој нема да имаат корист само идните родители туку и целокупното здравство, особено затоа што допираат еден од најзначајните сегменти, а тоа е родителството. Министерството ќе обезбеди стручен кадар од доктори-специјалисти кои ќе работат во овие школи и ќе одговорат на сите прашања и дилеми врзани со бременоста и новороденчињата, а со тоа и да им го олесниме животот на сите идни родители“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

На прес-коференцијата се обрати и комерцијалниот директор на Пивара Скопје, г.Родерик Розенбаум, кој потенцираше дека ваквите школи кои веќе функционираат во другите земји се успешни примери за првите школи што ќе бидат отворени во земјава.

Просториите кадешто ќе бидат сместени школите ќе бидат комплетно реновирани и опремени со мебел и останата опрема неопходна за успешна реализација на работилниците од страна на Пивара Скопје, а значаен придонес на целата иницијатива ќе дадат и граѓаните кои со купувањето на пакувања од .5 л.Роса вода, ќе издвојуваат по 1 денар за оваа цел.

[better-ads type='banner' banner='999' ]