Свет: Во мода се „опасните“ игралишта кои ги развиваат детските способности

Австралија, Канада и Шведска исто така работат на воведување на ризици во детската игра, за разлика од досегашната филозофија на нулта толеранција. Децениите на презаштитување се конечно на изминување, сметаат стручњаците.

0
264

После децении поминати во колективно настојување опасностите за децата да се сведат на минимум, педагозите во Британија сега се обидуваат да им ги обезбедат на децата, пишува Њујорк Тајмс.

Основното училиште Ричмонд Авенија е еден од типичните примери. Неодамна, управата на училиштето ги исфрлила пластичните куќички за играње и ги заменила со купишта даски, гајбички и цигли. Училишниот двор добил и каллива бара, лулашка од автомобилска гума, стебла и работни маси со чекани и пили.

„Размислувавме како да внесеме елементи на ризик во секојдневното опкружување“, вели Лиа Морис, која ја води предучилишната програма во училиштето. „Имавме базен со песок и помисливме – што да направиме за да го направиме попредизвикувачки? Сега имаме и огнови користиме ножеви и различни видови алати, секако, под надзор на возрасните. Училниците се полни со ножици и сечачи за селотејп и децата главно се пресекуваат по еднаш и потоа повеќе не“.

opasna igrališta

Пред влезот на игралиштето Принцеза Дајана во Лондон стои табла која ги известува посетителите дека опасностите се намерно вклучени, за да можат децата да развијат чувство за ризици во контролирано опкружување за игра, наместо да преземаат слични ризици во неконтролираниот надворешен свет.

Консензус за тоа дека на децата им се потребни повеќе ризици,постои и помеѓу либералите и помеѓу конзервативците – едните гледаат во опасноста и предизвиците чекор кон поприродно детство, а другите отпор кон претераната контрола и презаштитувањето.

Поддршка доаѓа и од владините институции, како што е Офстед – агенција која го надзира британското школство. Нивната главна инспекторка Аманда Спилмен се бори против претерано заштитување на децата и ги обучува своите инспектори да ги согледуваат и негативните и позитивните страни на ризикот.

opasna igra

„Инспекторите ќе ги плаши секој ризик доколку не ги обучиме да водат сметка за рамнотежата помеѓу придобивките и опасностите и да кажат – во ред е ако децата можат да паднат или да налетаат на нешто. Тоа не е исто како и пуштање на двегодишник да оди по работ на бездна“.

Svet: U modi “opasna” igrališta koja razvijaju dečje sposobnosti

Експанзија на опасни игралишта

Австралија, Канада и Шведска исто така работат на воведување на ризик во дестаката игра, за разлика од досегашната филозофија на нулта толеранција. Децениите на презаштитување се конечно на изминување, сметаат стручњаците. Се почнало во доцните 70-ти, кога предупредувањата за опасностите од повредување и од предатори почнале да го менуваат начинот на кои размислуваат стручњаците и родителите. Во Британија, процентот на ученици кои сами одат во училиште за две децении, паднал од 85 на 25 проценти.

Исто така се смениле и игралиштата – лулашките без граничник и металните вртешки исчезнале, а ги заменила гумена подлога која ги ублажува ударите, зголемувајќи ги трошоците за правење на игралишта.

Се појавил пазар за лабораториски тестирани стени од фиберглас. Последица е постепената стерилизација на играта, вели Меган Таларовски, американски пејсажен архитект. „Гумената подлога и оградите со кои се опкружени игралиштата се како мал затвор за играње. Возрасните истовремено седат и гледаат во телефоните, чекајќи децата да завршат со играта“.

opasna igrališta

Таларовска била запрепастена од тоа колку се британските игралишта попредизвикувачки од американските. Користејќи алатки за следење и анализа, го следела однесувањето на 18.000 посетители на лондонбските игралишта и ги споредила податоците со оние од американските паркови. Она што го утврдила е дека типот на игралиштето имал големо влијание – британските игралишта имале 55 отсто повеќе посетители, а децата биле поактивни за 16-18 отсто. Најмногу се задржувале на песок, на трева, на високи лулашки и на качување, кои во Америка се избегнуваат поради опасност од паѓање.

„Се е во истражувањето на контролираните ризици кои внимателно ги осмисливме“, вели Крис Морен, менаџер на паркот Кралица Елизабета. „Имаме грмушки-штипкачи, кои се прилично бодликави. Децата ќе ги допрат и сфаќаат дека боцкаат“.

Овој парк има 6 метри високи столбови и куќички на дрвата од рачно испреплетени врбови гранки, што знали дека нема фабрика која би сносела одговорност во случај на повреда. На игралиштето расте висока трева што го отежнува надзорот на децата. Постојат површини под песок, кои можат да содржат животински измет или остри предмети, како и купишта штици кои исто така не се предмет на одговорност на производителите. Досега во паркот имаше само неколку повреди, вели Морен.

Без страв

Движењето за поопасна игра во Британија стаса и до најгласните застапници на безбедноста. Еден од „учебниците“ на движењето е книгата на Тим Гил „Без страв“: Раснење во општество кое избегнува ризици“.

Причините за презаштитувањето авторот ги гледа во инерцијата на бирократијата и во штедните мерки. Иако трагедиите на игралиштата се исклучително ретки и статистички занемарливи, после секоја од нив следува бран од затварање на игралишта.

„Како на општество, тешко ни е да кажеме дека прифаќаме ризик од смрт кој е 1 спрема 60 милиони“, вели Дејвид Јирли од Кралското друштво за спречување на незгоди.

Svet: U modi “opasna” igrališta koja razvijaju dečje sposobnosti

Ако ги прашате наставниците во училиштето Ричмонд Авенија од почетокот на текстот, тие ќе ви кажат дека со изложување на децата на ризици ја развивате нивната способност за преживување.

„Мора да излезете надвор и да го најдете своето место во светот“, вели Деби Хјуџиз, директорка на училиштето. „Ако на тие деца не им овозможите да ги развиваат своите креативни вештини преку соочување со ризиците, уште повеќе ризикувате. Ако не научат да се соочуваат со опасности како четиригодипници, нема да го умеат тоа ни кога ќе пораснат“.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]