Родителски лекции од сите краеви на планетата

Секое поднебје има свои начини на воспитување на децата, а сите тие содржат многу корисни совети кои би требало да ги усвојат сите родители ширум светот.

0
151

Не постои вистински или погрешен начин на воспитување на децата, туку само начини на кои детето ги прифаќа или не ги прифажа вашите совети и авторитетот. Еве неколку корисни „лекции за воспитување“ од родителите ширум светот.

Ризикувајте

Истражувањата од Норвешка покажуваат дека е добро повремено да се ризикува – на пример, качувањето на дрво е добро за децата и всушност ги прави безбедни. На овој начин детето учи за што сѐ е способно неговото тело но и тоа колку е добра неговата проценка за некој предизвик. На пример, качувањето на дрво е покомплицирано од качувањето по справите направени за таа намена во паркот, кое патем, на децата им е здодевно или „премногу безбедно“.

Прескокнете го детското мени

Во земјите кои имаат посилна и позачинета кујна, како на пример Јужна Кореја, децата не добиваат посебни оброци. Од малечки се учат да ја јадат истата храна која ја јаде целото семејство и да сакаат сѐ што има на масата. Јадејќи со целото семејство истата храна ги поттикнуваме децата да внесуваат широк спектар здрави намирници од мали и ги навикнуваме да не се пребирливи кога станува збор за храна.

Поставете цели надвор од зоната на комфор

Кинеските наставници и родители велат дека охрабрувањето на децата да работат напорно за своите цели е како држење на јаболко близу до нивниот дофат. Мора да направите совршено растојание. Доколку е јаболкото предалеку, детето ќе се обесхрабри и ќе се исплаши воопшто и да проба, додека пак доколку е преблиску, нема да ги мотивирате да пробаат.

Во ред е децата да се скараат

Ова не значи дека треба и физички да се пресметуваат, но родителите од Јапонија велат дека расправиите околу играчка и ситните препирки се добри за децата затоа што им даваат шанса да искусат кавга, но и да најдат сами решение. Секако, пожелно е со својот пример да покажете како треба тоа да изгледа, но не се чувствувајте задолжени вие да го решите проблемот. Повлечете се и оставете ги самите да се справат.

Носете ги надвор секој ден

Во северна Европа кадешто се зимите остри и силни, од децата се очекува да играат надвор секој ден (дури и бебињата имаат попладневна дремка на отворено). Во овие области важи она дека мора да се излезе надвор без оглед дали врне дожд или сјае сонце и дека не постои лошо време, туку само тенка облека.

Поздравувајте ги луѓето

Во земјите ширум светот, од Франција до јапонија, поздравувањето со луѓето е општа култура и родителите ги учат за ова своите деца исто како што ние ја учиме азбуката. Во Јапонија дури имаат и вежби за поздравување за да се научи оваа важна вештина. Научете го на време вашето дете дека не сте сами и дека постојат и други луѓе и дека мораат да ги почитуваат и да се грижат за другите.

Не ги терајте да делат

Во истражување во кое биле споредувани деца од Америка и од Гватемала, на децата од Гватемала им било дозволувано да прават што сакаат. Никогаш не ги прекорувале и не ги терале да ја дадат својата играчка некому. Наместо тоа, добивале свои додека не пораснат доволлно и не научат смаите да делат.

Спијте со своите деца

Често слушаме дека самостојното спиење доведува до тоа детето да биде понезависно. Наспроти тоа, повеќето семејства во Централна и Јужна Америка, Азија и некои делови од Европа, спијат со своите деца. Истражувањата покажале дека децата кои го делат креветот со своите родители се доста понезависни од децата кои спијат сами.

Отстранете ги стегите

Шведските родители се обидуваат да не бидат премногу строги кога станува збор за децата. Тие имаат пристап дека децата треба да го најдат својот внатрешен глас и да научат сами да донесуваат добри одлуки. Некои шведски предучилишни установи имаат вежба „невидливи огради“ во кои секојдневно ја вежбаат детската самоконтрола.

Живот во стадо

Родители ширум светот делат исто размислување – а тоа е дека децата се воспитуваат најдобро кога во тоа учествува и пошироката родбина, првенствено бабите и дедовците. Во Бразил доста семејства живеат во куќа со повеќе членови од повеќе различни генерации, обично поделени по спратови што само им помага на членовите на семејството да помогнат кога е тоа потребно.

Разонодата е неопходна

Децата во Финска имаат доста повеќе време за игра и надворешни активности отколку ние, било да се санакаат, скијаат или само да трчаат. И нивните училишта траат пократко, некогаш дури и неколку часа. Во суштина имаат доста повеќе незадолжителни часови како што се резбарење, готвење, музичко и ликовно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]