Во списанието Psychology of Music објавена е анкета која потврдила дека приспивните песни полека исчезнуваат.
Имено, само третина од родителите на деца помлади од пет години им пеат на своите деца пред спиење приспивни песни. Студијата покажала дека приспивните песни во 70 отсто од случаите се задржале кај лицата постари од 45 години, додека кај помладите тие едноставно повеќе не се во мода.
Стручњаците апелираат дека приспивните песни имаат своја цел, и дека со оваа тенденција тие да не се практикуваат повеќе, децата се изложени на голем губиток.
Научно е докажано дека моќта на приспивните песни е во тоа што тие ја ублажуваат болката и ги смируваат отчукувањата на срцето кај децата. Исто така, песничките кои ги рецитира родителот се важни за психофизичкиот развој на децата.
Фото: Pixabey