Родила едно мртво, а по 17 дена, уште едно живо бебе

Малата Лекси Брајант останала во утробата на мајка си уште две недели откако нејзиниот брат близнак бил мртвороден, и преживеала.

0
275

Женското бебе кое преживеало во матката на мајка си две недели откако нејзиниот брат близнак бил мртвороден девојка е опишано како „вистинско чудо“.

Откако во 21.недела го загубила синчето, лекарите ја предупредиле Британката Џема Брајан која носела близнаци дека другото дете веројатно ќе се роди за три дена и дека шансите да преживее се многу мали.

Меѓутоа, породувањето се случило по 17 дена, а девојчето преживеало и сега, на возраст од 1 месец, има добри шанси да порасне доволно силна за да води нормален живот.

„Доживеав вистинска емоционална бура. Многу ми е тешко што Коби се роди толку рано, неговите мали бели дробови едноставно не беа подготвени. Деновите на исчекување потоа беа ужасни, полни со неизвесност. Беше страшно кога таа доаѓаше на свет, но и прекрасно “, рекла Брајант.

Според докторите ова е прв случај на толкава разлика меѓу раѓање на близначиња.

Децата требало да се родат во мај, но водењакот на госпоѓа Брајант пукнал еден ден пред да треба да оди на редовниот ехо преглед во 20-тата недела од бременоста.

Како мајка на пет синови, таа знаела дека е прерано за да се родат и му кажала на сопругот да се подготви за можноста да ги изгубат двете бебиња.

Но, Лекси преживеала и на мајката првпат ѝ ја донеле 20 дена по раѓањето.
„Беше прекрасно. Почнав да плачам, и конечно ми олесна кога ја зедов својата ќерка. Навистина прекрасно“, рекла мајката.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]