Ракот може да се победи

Четириесеттина деца од земјите од поранешна Југославија кои се излекувале од рак ќе учествуваат на првата регионална конференција „Имам една желба“ што утре и задутре ќе се одржува во Струга во организација на здружението „Сано“.

0
184

Претседателката на здружението „Сано“, Марија Тасев, информира дека последните 15 години деца што го победиле ракот од различни здруженија се собирале во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а годинава во Македонија со цел да ги споделат своите искуства како ја победиле болеста и да делуваат мотивирачки на оние кои сега се борат против ракот.

„Сите тие се херои кои победиле разни типови детски ракови. Поентата не е да се присетуваат  на периодот на лекување, туку да делуваат мотивирачки. Да покажат дека ракот може да се победи, да покажат дека тоа не е смртоносна болест и од неа нема спас. Да покажат дека некои видов ракови се лекуваат и животот продолжува понатаму“, појаснува Тасев за МИА.

После сите прележани видови рак кои децата ги победиле, додаде, имаат втора шанса за живот и речиси 100 отсто од нив се успешни граѓани.

„Сега тие се младинци и се реализирале во животот, студенти, бизнисмени, работат…, имаат шанса за втор живот. Сите се занимаваат со хуманитарна работа. Волонтираат, им помагаат на другите деца кои сега минуваат низ таа фаза и се борат со рак“, изјави Тасев

Ги покани родителите кои моментално се соочуваат со ваков проблем, кои се на работ дека веќе не можат да издржат, се сомневаат дека ракот е непобедлив и периодот е неиздржлив, да дојдат да видат дека овие деца одат напред, дека имаме позитивни случаи и не завршува сѐ со смрт.

На конференцијата ќе има предавачи доктори од Клиничкиот центар во Скопје, кои ќе ги мотивираат дека после борбата со ракот во животот сѐ е полесно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]