Разгалени генерации

Поимите да се сака и да се воспита дете целосно се споија и се поистоветија. Негативната последица од ова е создавањето егоцентрични и нарциосоидни возрасни лица.

0
306

Пред половина век психоанализата и другите психотерапевтски школи уверливо докажале дека оние деца кои пораснале без родителска љубов израснале во невротични личности. Врз основа на тој факт, создадена е претпоставка дека за правилен развој на детето и за неговото идно ментално здравје е најважно доволно да му се покажува дека е сакано.

Се претпоставува дека ако недостатокот на љубов предизвикува невроза, дека нејзиното покажување и давање би создало ментално здравје. Тоа е причината поради која многу родители на кои им е важно да бидат добри многу се трудат на детето што повеќе и што почесто да им покажуваат љубов, како и да ја избегнуваат секоја ситуација во која детето би можело да се чувствува несакано или недоволно сакано.

Последицата е дека поимите да се сака детето и да се воспита детето целосно се спиле и се поистоветиле. Отфрлен е некогашниот средноевропски модел на воспитување кој препорачуваше дисциплинирање со повремено избегнување на покажувањето љубов, а е усвооен современ модл кој препорачува покажување на љубов, а дисциплинирањето на децата го прави неостварливо.

После повеќе децении на доминација на овој попустлив начин на воспитување, соочени сме со неговите негативни последици. Наместо да создава ментално здрави деца кои се способни за самостоен живот, произлегло дека моделот создава егоцентрични и нарциосидни возрасни, заинтересирани само за свое уживање, неспособни да сакаат, недоволно способни да ги контролираат импулсите и заради тоа се склони кон насилство, земање дрога, алкохол.

За овој и цела низа други проблеми кои настанале како последица од попустливо воспитување, многу документирано пишува психолог д-р Арик Сигман во книгата „Разгалена генерација“. Сигман не опоменува дека во рамките на западниот цивилизациски круг сме направиле трагиќна грешка кога сме ги поистоветиле љубовта и воспитувањето, и дека е крајно време тие поими повторно да ги раздвоиме.

Денеска е јасно дека бегајќи од претерано социјализирано дете сме отишле во несоцијализирано дете, од неуроза во нарцисоидност. Ле не е враќањето на старо затоа што љубовта не е таа која ги расипува децата. Ги расипува недостатокот од дисциплинирање.

Плашејќи се дека децата нема да ги сакаат современите родители ги усвоиле детските дефиниции дека љубов е сѐ она што кај детето предизвикува пријатност, а дека нељубов предизвикува непријатност.

Мораме повторно колективно да учиме, вклучувајќи и по некој стручњак, дека дисциплинирањето не е израз на нељубов, туку токму на љубов.

Да им помогнеме на децата да сфатат дека постојат и многу корисни работи кои се непријатни, а кои детето мора да ги научи и да ги усвои. И затоа новата формула за воспитување е: љубов плус дисциплина.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]