Пробиотиците пред крајот на бременоста би можеле да ги спречат бебешките колики

Резултатите од новото истражување покажуваат дека со земањето пробиотици во доцната бременост и во текот на доењето жените можат да влијаат на намалување на коликите и повраќањето кај доенчињата.

0
927

Иако безопасни, колликите претставуваат голем стрес за родителите и детето со огед на тоа што се повторуваат, релативно долго траат и речиси сме безпомошни кога станува збор за нивното смирување.

Спроведено е истражувањe на Универзитетот Вари во Рим, во кое учествувале 66 трудници кои со случаен избор се распоредени во две групи. Едната група добивале пробиотик во облик на додаток во исхраната, а другата плацебо.

Резултатите покажале дека земањето пробиотици 4 недели пред и после породувањето влијаело на зголемувањето на концентрацијата на антитела во мајчиното млеко и зголемувањето на синтезата на имуносните клетки во системот за варење на бебето.

Научниците напоменуваат дека бројката на трудници кои учествувале во истражувањето е мал, само 66, но пробиотиците би можеле да помогнат кај грчевите и рефлуксот на новороденчињата.

Што ако сепак се појават?

Бебињата кои лакомо јадат, почесто имаат грчеви затоа што количината на храна внесена низ хранопроводникот е речиси еднаква на количината на заробен воздух помеѓу залците.

Кога од желудникот меурчињата минуваат низ цревата, со величината не се прилагодуваат на малите црева на бебиња, туку предизвикуваат болки. На бебето можете да му помогнете ако му го масирате стомачето со кружжни движења во насока на стрелките на часовникот. Со движење и масажа, се разбиваат меурчињата па полесно минуваат низ системот за варење. Исто така, носењето на бебето на тој начин што нивниот стомак е потпрен на вашиот, со ритмично движење, поттикнува спонтана масажа на стомакот на бебето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]