Притворен татко зашто му удрил заушка на синот

Маж од општина Звездара во Белград завршил зад решетки откако му удрил „воспитна“ на 11-годишниот син кој го затекнал како ја гаѓа мајка си со книги. Детето го пријавило случајот во полиција која дошла и го привела таткото на 48 часа. Што мислите вие за овој настан од соседството?

0
241

Според српски Информер, татко од општина Звездара во Белград завршил зад решетки откако му удрил „воспитна“ на 11-годишниот син. Човекот пред 4 дена се вратил од работа и го затекнал синот како ја гаѓа мајка си со книги и за да го смири, му удрил заушка. Детето повикало полиција и го пријавил таткото за семејно насилство, па тој истиот ден бил уапсен и му бил одреден 48-часовен притвор, а го чека и кривична пријава.

Според Информер, ова никогаш немало да се случи ако детето не го пријавело родениот татко во полиција.

„Таткото дошол дома и го затекнал 11-годишниот син како се кара со мајка му и ја гаѓа со книги. Му удрил заушка на детето, тоа отишло во својата соба и ситуацијата се смирила. Меѓутоа, додека родителите ручале и речиси заборавиле на настанот, детето повикало полиција и пријавило. Полицијата дошла на врата и кажала дека имаат пријава заради насилство па го привела таткото, кој како и мајката бил шокиран од ситуацијата“, велат воп Информер.

Не вредело ниту тоа што мајката рекла дека не се случило ништо сериозно и дека и самата би му удрила заушка да можела да го „дофати“ синот. Случајот се погодил кај тужителка која била многу ригорозна кога станува збор за семејно насилство па таткото добил 48-часовен притвор по кратка постапка.

Според српскиот психотерапевт Зоран Миливојевиќ, таткото на детето не направил ништо погрешно ниту од психолошки ниту од правен аспект.

„Таткото завршил во затвор само поради разни кампањи против насилство со кои не трујат со години невладините организации, под чие влијание, за жал, потпаднала и државата. Законот јасно прецизира што е семејно и физичко насилство, а една воспитна заушка не спаѓа тука. Дури и детето да се осилило до толку за да го пријави таткото затоа што го удрил, полицијата и Центарот за социјална работа требало да проценат дали детето добило заушка заради своето недолично однесување или е претепано на „мртво име и презиме“ само затоа што родителите биле нервозни“, вели Миливојевиќ кој, како што пишува Информер, наведува и дека кај нас секој физички контакт на родителот со малолетното дете почнал да се третира како насилство, што е апсурд. Тој наведува и дека во конкретниот случај државата ги „измешала лончињата“ и дека требало да ја штити мајката од детето, а не детето од таткото.

„Таткото реагирал како што би реагирале и барем 90 отсто од татковците во Србија, а и пошироко. Меѓутоа, државата почнала премногу да се меша во семејните односи и сериозно да ги нарушува. Во конкретниот случај, каков ќе биде односот меѓу овој син и таткото кога таткото ќе излезе од затвор?“, објаснува Миливојевиќ.

[better-ads type='banner' banner='999' ]