Претстави преку онлајн стрим за дечињата со посебни потреби

Првите две изведби на претставата 'Солта е поскапа од злато', во изведба на Театар Арт Вени Види се резервирани за учениците од ПОУ 'Иднина' и ПОУ 'Златан Сремец'.

0
155

Утре (среда, 04.11.), со стрим изведба на две детски претстави од 10 и од 11 часот, во живо од просториите на МКЦ Скопје, започнува новото издание на карванот на детски претстави за деца со посебни потреби ЖАПЧИЊА 2020.

Претставите ќе бидат изведени во живо преку онлајн стрим и според сите протоколи за одржување настани во време на коронавирус.

Првите две изведби на претставата ‘Солта е поскапа од злато’, во изведба на Театар Арт Вени Види се резервирани за учениците од ПОУ ‘Иднина’ и ПОУ ‘Златан Сремец’. Наскоро следуваат уште две изведби.

Актерската екипа ја сочинуваат:Елизабета Клинчаревска Младеновска-Ели, Ѓорги Тодоровски-Трупче, Душица Стојановска Настевска и Викторија Анѓушева. Режијата и драматизацијата се на Викторија Анѓушева.

Проектот е во организација на здружението КУЛТИВАТОР од Скопје и е поддржан од Министерството за култура.

[better-ads type='banner' banner='999' ]