Предуслов за воспитано дете е воспитан родител

Родителството е најголемата привилегија што може да ја има човек, а според логиката на нештата и најтешка. Може да се повлече паралела со одењето по жица. Лесно е да се направи погрешен чекор.

0
84

Родителството е најголемата привилегија што може да ја има човек, а според логиката на нештата и најтешка. Може да се повлече паралела со одењето по жица. Лесно е да се направи погрешен чекор. Кога гледате во другите, сѐ изгледа лесно и едноставно, но кога треба вие да тргнете, завршувате на задникот и пред да се искачите.

Се прашувате како ним им успева тоа, кога вам ви изгледа речиси невозможно. Како и да е, животот нѐ научи дека ништо не е невозможно, само треба прво да се промените себеси за да постигнете нешто. Затоа е тешко, бидејќи старите навики бавно изумираат и потребно е добро да се запне за да се заменат со нови и подобри.

Само кога ќе станете родител, сите недостатоци на вашиот карактер излегуваат на виделина.

Кога не им даваме на децата добар пример за однесување?
Кога викаме. Вие сте поспани и уморни. Кога децата добиваат жолта минута и почнуваат да хистеризираат и да трчаат низ куќата како бесни бизони, вашата намера е да им пристапите со љубов и внимание, да ги прегрнете, да ги прашате што не е во ред и што сакаат. Но, сѐ што успевате да направите е едно хистерично: „Смири се!“ А тоа има само спротивен ефект, бидејќи тие стануваат уште подиви заради вашата нервоза.
Викањето по децата нема да ви помогне ниту на вас ниту на вашите деца. Вашата совест веројатно ќе ве гризе подоцна, а децата ќе научат да комуницираат според вашиот модел. Прво, проверете дали децата се гладни, дали им се спие, дали треба да се пресоблечат или дали нешто ги боли. Ако не е ништо од тоа, тогаш веројатно им е здодевно.

Тактики кои треба да ги применувате кога започнува бурата се гушкање, скокоткање, промена на локација (на децата брзо им здосадува кога се во една просторија и обично сакаат да излезат надвор) или менување на активностите (кога ќе се уморат од играње со своите играчки, можете да им предложите, на пример, да ви помогнат да ја смените постелнината). Така, преку игра, можете и да завршите дел од домашните работи.

Кога кажуваме грди зборови. Си ветивте дека ќе се однесувате соодветно и дека нема да се служите со грди зборови не само пред децата, туку и пред никого и го почитувате тоа ветување додека нешто или некој не ве исфрли од такт. Вашите деца внимателно го повторуваат сето ова со неверојатна прецизност. Тие не знаат течно да го изговорат своето име, но по некое чудо секогаш знаат прецизно да ги повторуваат пцовките.
Заменете ги пцовките со убави зборови и кога сакате да опцуете, кажете го зборот што го користите за да ја замените пцовката. Ќе ви биде полесно да се поправите себеси, отколку да му велите на детето да престане да зборува грди зборови.

Фрлате ѓубре каде и да одите. Додека никој не ве гледа, фрлате парче хартија, гуми за џвакање, отпушок од цигара на улица, бидејќи во близина нема корпа за отпадоци, а вие не сакате да ги полните џебовите или торбата со ѓубре. Но токму тоа треба да го правите. Ставете сѐ во торба или носете го во рака ако нема во близина корпа за отпадоци.
Особено е интересно како луѓето се однесуваат во автомобилот, па пред другите, опуштено го фрлаат ѓубрето надвор. Да не зборуваме за прстот заглавен во носот на машката популација, како да не се свесни дека другите луѓе можат да ги видат. Велат дека луѓето во автомобил се однесуваат како да се во некаква заштитена капсула, која ги крие од надворешниот свет. Имаме впечаток дека другите не гледаат додека сме во автомобилот, и соодветно на тоа сме многу порелаксирани отколку кога ќе излеземе од него.

Не користите магични зборови. Детето ве послушува и ви подава нешто, а вие не му заблагодарувате. Му давате нешто и заборавате да кажете повели. Правите нешто погрешно и не кажувате дека ви е жал. Само издавате команди: „Дај ми го тоа!“, „Направи го ова!“ Без да го користите зборот, ве молам. Потоа ви е непријатно кога ќе ви одговори со ист тон или поцрвенувате кога тоа ќе му го направи на некој друг.
Друга работа што често им ја правиме на децата е да ги прекинеме среде реченица. Се брзаме, имаме некои други работи на ум и немаме трпение да ги ислушаме детските разговори и прашања за некои банални работи.

Факт е дека работите кои децата сакаат да ни ги кажат се многу важни во нивниот свет и ние ги повредуваме (иако тоа не е нашата намера) кога не го слушаме она што тие сакаат да ни го кажат испраќајќи им порака дека нивното мислење не е доволно важно за да се слушне што има негативно влијание врз самодовербата кај децата.

Постојаното поставување прашања од страна на децата може да биде досадно, но убаво е кога се тие љубопитни и сакаат да учат. Сигурно го претпочитате тоа повеќе отколку да не ги интересира светот околу нив.

Кога ги прекинуваме децата среде реченица, тие ќе помислат дека е во ред да прекинуваат некој друг и нема да научат да бидат добри слушатели и несебични во комуникацијата. Човек кој посветува време на друг слушајќи внимателно што му се зборува и не прекинува друга личност додека таа го изразува своето мислење е омилен соговорник на сите.

Во суштина, повеќето луѓе се навикнати така да комуницираат со своите семејства и блиски пријатели, па излегува дека колку некој ви е поблизок, толку погрдо се однесуваме кон него. Грешките што ги правиме секој ден стануваат многу видливи во воспитувањето на нашите деца. Ако порано започнеме да ги коригираме дома, ќе се поштедиме од главоболки во иднина предизвикани од невоспитанието на нашите деца.

Кога сме на маса. Дури и ако се собирате како семејство да ручате заедно (обично во недела, со оглед на различното работно време на родителите), во повеќето случаи, исто така, е вклучен и ТВ во позадина што сите го гледаат. Заедничкиот оброк е можност родителите да обрнат внимание на своите деца, како и показател за почит. Замислете да бидете на ручек со деловен партнер и да го поминувате поголемиот дел од времето гледајќи во телевизорот.
Исто така, нешто што ретко се практикува е да го исклучите ѕвончето на мобилниот телефон додека ручате. Штом ќе заsвони телефонот, родителот скока на нозе за да одговори. Утре, кога вашето дете ќе биде тинејџер и ќе потрча да одговори на повикот, сигурно ќе му кажете „Прво заврши го оброкот, не гори никаде!“.

Така е, времето за ручек со вашето семејство е прекрасен ритуал што вашите деца треба да го однесат во идниот дом кога ќе ги основаат своите семејства. Значи, исклучете ги телефонот и телевизорот, пуштете малку релаксирачка музика и уживајте.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]