Прашајте педијатар!

Дали на бебето што цица му треба вода, зошто 9-годишно дете се жали на болки во целото тело, зошто 2 ипол годишно дете не спие попладне, се дилемите на три наши читатели. На нивните прашања одговара д-р Наташа Чучкова Никчевска, специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника.

0
276

Наташа Чучкова Никчевска e специјалист-педијатар во Жан Митрев Клиника. Доколку имате било какво прашање или дилема во врска со здравјето на вашето дете, напишете ги на профилот на Фејсбук на порталот „Мајка и дете“ и очекувајте ги одговорите од нашата соработничка.

Имам 4-месечно бебе и го дојам, но незнам дали смеам понекогаш да му давам вода. Имаме парно па воздухот дома ни е сув и некако ми доаѓа да му дадам вода, ама нашиот педијатар ми кажа дека нема потреба сė додека го дојам. Што мислите вие за ова?

Кога доенчето е на ексклузивно доење, своите хидрични потреби ги подмирува преку доењето. Тоа значи дека дополнително вода не е потребна. Но, не е ниту грев да се даде мала количина на вода на бебето. Особено што сега, после 4 месец треба постепено да се започне со дохранување, такашто ќе има потреба од мала количина на вода после оброк.
Имам синче од 2,5 години, активен е многу и сака да си игра, иако не оди во градинка. Веќе извесно време одбива да спие попладне, а доколку успеам да го заспијам попладне (што е невозможно пред 13 и 30), тогаш спие околу час и половина, а навечер не може да заспие речиси до 23 часот. Ако не спие попладне, навечер заспива околу 20 часот и спие мирно до 7 часот наутро. Со оглед на тоа што попладневниот сон е вообичаен кај другите деца на негова возраст, загрижена сум поради тоа. Ве молам за совет?
Ритамот на спиење на децата е во зависнот од навиките на семејството, како и измореноста на детето. Ако не сака попладне да спие, тогаш не го терајте со сила. Но, секако не треба да се отстапува од легнувањето навечер во исто време – во 20 часот. Децата се успиваат во тивка соба, со пригушено светло, без употреба на телевизија, мобилни телофони.
Мојот син од 9 години понекогаш се жали на болки во различни делови од телото. Нашиот педијатар ни рече дека се тоа најверојатно „болки од растење“, односно дека често се јавуваат кај децата во развој. Ве молам за мислење.
Вашиот педијатар е во право. Болките што често се јавуваат во текот на растот, се чести кај децата, особено кога висински побрзо растат.
Фото: Pixabey
[better-ads type='banner' banner='999' ]