Прашајте го нашиот логопед: Наместо одговор, мојата ќерка ги повторува прашањата

Нашите читатели имаат многу дилеми околу периодот кога нивните деца треба да проговорат, како и околу начинот на кој комуницираат со нив. Се прашуват што е од ова нормално, а што е причина за загриженост...

0
318

На сите прашања упатени од нашите читатели одговара нашата стручна соработничка Ана Петреска.

Ана Петреска е логопед – дефектолог во здружението „Интеракција – плус“ и негов основач. Таа веќе одговори на првите прашања од нашите читатели кои стасаа на нашиот и-мејл. Ве молиме, доколку имате некое прашање за неа, испратете го на профилот на Фејсбук на порталот „Мајка и дете“.

Почитувани, имам прашања кои подолго време ме мачат и искрено се надевам дека ќе можам да добијам одговор од вашата соработничка. Имам ќерка која има три години и речиси шест месеци има како што почна говорот да ѝ станува појасен, но знае и да ги превртува сите зборови. На пример, кога јас ќе ја прашам што сака да јаде или да пие, таа го повторува по мене истото, односно, моето прашање. Понекогаш знае и да одговори нормално. Ме интересира дали ова значи дека има проблем со говорот или пак може да станува збор за нешто друго?

Почитувана, во однос на говорно – јазичниот развој на вашето дете, позитивен е фактот што веќе има извесни подобрувања во артикулацијата на говорот, што и всушност треба да се очекува за оваа возраст. Но, ехолалијата (повторувањето на зборови или конверзациски фрази), треба да се третира, односно да се спроведат логопедски вежби за детето да го научи системот на прашање – одговор, без да го повторува прашањето.

Исто така, во тој поглед треба да се утврди употребата на прво лице еднина, односно дали таа зборува во прво или во трето лице еднина затоа што сето тоа е во тесна врска со ехолаличното повторување. Поради тоа ве советувам да се обратите во нашето здружение за да се направи логопедски преглед.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]