По три години борба со неплодноста станале родители двапати за само седум недели

Брачна двојка која по тригодишна борба со неплодноста, набргу откако се одлучиле за сурогат мајчинство, успеале да станат родители и по природен пат. Првото бебе го родила мајката на жената, а второто, самата таа

0
1408

Старата „изрека“ за неплодноста е дека веројатно магично ќе забремените кога ќе престанете да се обидувате. Точно е дека ваквите изјави се прилично фрустрирачки и не важат за многу луѓе, но на Келси Пирс и нејзиниот сопруг Кајл им се случило токму тоа.

Како што велат, било вистинско чудо кога станале родители двапати за само седум недели.

Имено, оваа двојка поминала три години обидувајќи се да добие дете, а откако потрошиле илјадници долари и ги исцрпиле сите можни опции, вклучително и безброј ин витро оплодувања, на Келси ѝ било кажано дека никогаш нема да може да роди дете самостојно. Двојката успеала да создаде пет совршени ембриони, па решиле да му дадат шанса на сурогат мајчинството.

„Мајка ми во последните неколку години постојано велеше дека ќе стори сé за да ни помогне да имаме бебе, дури знаеше да се пошегува и дека би го носела за нас“, напишала Келси на својата Фејсбук страница во април, додавајќи: „Ние секогаш се смеевме мислејќи дека е невозможно и не сакавме таа да поминува низ сето тоа “.

Но, како што вели, излегува дека ја имала „најнесебичната мајка на светот“.

„Знаеме дека ова е многу неконвенционално патување, но е наше и се чувствуваме толку благословени што конечно станавме родители“, истакнала тогаш двојката.

Но, дури потоа се случило невозможното.

Набргу по објавувањето на првата бременост, пристигнала и втората.

„Никогаш не помислив дека ќе можам да ги кажам овие зборови, но … бремена сум!“ – напишала Келси покрај фотографијата на која се гледаат две снимки од ултразвук.

„Му се јавив на мојот лекар за плодност и тој беше крајно шокиран. Рече дека ова е вистинско чудо бидејќи научно не можело да се случи. Бог навистина делува на мистериозни начини! Веќе бевме толку возбудени што станавме родители во октомври, но дел од мене беше тајно сè уште беше тажен затоа што не можев сама да ја доживеам бременоста “, раскажува таа.

И двете бремености поминале без компликации, а девојчињата Еверли и Ава безбедно пристигнале на светот на растојание од само седум недели, пренесува Кидспот.

Фото: Фејсбук

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]