По смртта на дете, ФДА ги предупредува родителите да не користат килибарни ѓердани

Ѓерданите и производите за џвакање станаа се попопуларни помеѓу родителите кои сакаат да им ја олеснат болката на децата при избивањето на првите запчиња, но од ФДА предупредуваат на опасност од сериозни повреди кои можат да ги предизвикаат таквите предмети, па дури и смрт.

0
4341

Откако американската Агенција за храна и лекови (ФДА) објавила дека не се безбедни, родителите се предупредуваат под итно да престанат да ги користат ѓерданите кои наводно, ја ублажуваат болката при избивањето на запчињата.

Имено, 18.месечно бебе се задавило со ваков ѓердан во текот на спиењето, додека седумесечно бебе речиси ќе се загушело со перлите од дрвена алка за забите, иако било под надзор на родителите, известила оваа американска Агенција.

Мајките и татковците често посегаат по ѓерданите и алките за да ја ублажат непријатноста и болката која се јавува кај дечињата при избивањето на запчињата, пa децата се честопати нервозни и плачливи. Се смета дека тие би можеле да им помогнат во тој тежок, но клучен стадиум од развојот, бидејќи на тој начин бебето има нешто што може да го џвака и на тој начин ги поттикнува забите полесно да излезат.

Производителите на килибарни ѓердани тврдат дека смолата во нив помага да се ублажи воспалението и болката.

Таков накит користат и децата со посебни потреби како што се аутизам или пореметување на недостаток од внимание или хиперактивност (АДХД) за сензорна стимулација.

Меѓутоа, ФДА предупредува дека ѓерданите ги доведуваат децата во опасност од повреди и смрт.

„Знаеме дека ѓерданите и производите за џвакање станаа се попопуларни помеѓу родителите кои сакаат да им ја олеснат болката на децата, но се појавија сериозни ризици, а тоа не загрижува. Децата се во опасност од сериозни повреди кои можат да ги предизвикаат таквите предмети, па дури и смрт“, предупредил Скот Готлиб од ФДА.

Какво е вашето искуство? Знаете ли нешто повеќе за оваа тема?

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]