По смртта на бебето, со своето млеко спасила друго новороденче

Мајка која е во тага по смртта на своето 6-дневно бебе, го спасила животот на друго новороденче донирајќи го своето измолзено млеко

0
471

Џени Роџерс родила девојче во 31.недела од бременоста откако докторите откриле дека бебето е погодено од интраутеринско ограничување на растот.

Додека нејзиното бебе, Еверли, се борело за живот на интензивна нега, Џени го измолзувала своето млеко на секои три часа и го складирала во болничкиот фрижидер. Но малата Еверли починала кога имала 6 дена.

„Кога таа почина, не сакав да го фрлам во ѓубре моето со мака молзено млеко“, изјавила 34.годишната мајка од Тексас.

Роџерс одлучила да ѝ го донира своето млеко на друга мајка на која тоа ѝ било очајно потребно, откако еден заедники пријател ги поврзал двете жени.

Бебето на Дајан Бурнет, Мерит, се борела со респираторен вирус и не можела да цица од својата мајка или да зема формула.

„Се обидовме со формула, но таа добиваше осип и повраќаше. Таа беше интолерантна на формула“, рекла 33-годишната мајка, објаснувајќи дека самата немала доволно млеко за да се измолзува.

„Во тој период добив повик од еден пријател кој ми кажа дека Џени Роџерс сака да го донира своето млеко. Кога слушнав за Еверли, ми се скрши срцето“, вели оваа мајка на две деца.

„Џени ја чувствувам како дел од семејството. Зпрувае секој ден и ѝ испраќам слики од Мерит. Таа е како нејзина втора мајка“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]