Постпородилна грижа за жените во светот: Во Кина нема сирово овошје, а во Индија – сапун

Породувањето го означува крајот на вашата бременост, но тоа е само почеток на нешто поголемо. За жал, сите земји во светот немаат усогласени правила во врска со постпородилната грижа за родилките, нивното здравје и права. Правилата, законите и традициите може драстично да се разликуваат во зависност од тоа во кој дел од светот живеете.

0
285

Студијата за интеркултурна постнатална нега од 2010 година известила: „Изгледа дека постнаталниот период е универзално дефиниран како период од 40 дена. Повеќето култури имаат посебни постнатални обичаи, вклучително и специјална исхрана, изолација, одмор и помош за мајките“.

Наспроти тоа, „за многу жени во Соединетите држави, шестнеделниот период по породувањето е лишен од формална или неформална поддршка на мајките“, се наведува во клучниот извештај на Одборот за истражување на Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (АКОГ) за 2018.година.

На пример, во Холандија и Белгија, планирањето на периодот после породувањето започнува уште во 34-тата недела од бременоста. Во Шпанија, ќе добиете cartilla de embarazo (мајчински пасош) и ќе се пријавувате секој месец кај акушерката одговорна за одредена област.

Финскиот пакет за секое родено дете стана светски познат. Имено, кога жените се во бременост од околу 22 недели, тие можат да аплицираат за бесплатен подарок-пакет кој го обезбедува финскиот систем за социјално осигурување. Кутијата содржи околу 63 работи што им требаат на бебињата до првата година од животот.

Во Кина, првиот месец по раѓањето се нарекува zuo yuezi. Во текот на овој месец, на жените им е строго одредено што можат да јадат, да пијат и да работат. Не е дозволено сирово овошје и зеленчук, ниту ладна вода. Тие се хранат главно со супи кои според нивното верување помагаат во доењето, а во тие 30 дена им е забрането и капењето. Сето ова, заедно со одморот, треба да помогнат во обновувањето на јин и јанг на мајката и зајакнување на новороденчето.

Новопечените мајки во Кореја практикуваат тринеделна „осаменост“ која се нарекува saam chil boles. Освен практикувањњето на изолација, во цела Латтинска Америка се вообичаени постопородилна масажа на телото и врзување на стомакот, пишува Healthline. Овој период во Латинска Америка се нарекува la cuarentena, а поентата е дека мајката има време и енергија да се посвети на доењето и грижата за новороденото дете. Во текот на овие шест недели, другите членови на семејството се грижат за другите деца, готват и ги извршуваат домашните работи.

Во Франција, мајките ја напуштаат болницата околу пет дена по раѓањето, по што медицинските сестри рутински ги повикуваат да проверат како се снаоѓаат. Жените исто така добиваат рецепти за la rééducation périnéalе, физикална терапија која помага во обновување и зајакнување на мускулите на карличното дно.

Индија има долга традиција на постпородилна нега. Оваа грижа трае приближно 40 до 60 дена, период во кој мајката и детето се дома за да се спречи изложеност на заразни болести. Во овој период, мајката јаде хранливи намирници што се лесно сварливи. Таквата храна треба да го одржи телото топло. Во текот на бањите не се користи сапун, а мајките секојдневно се масираат со специјални мешавини од масла, кои помагаат да се опорави и зацврсти телото по породувањето, пишува Scary Mommy.

Нигерија има симболична традиција на првото бањање на детето. Имено, ова капење традиционално го прави бабата и со тоа ѝ се покажува на мајката дека не е сама и дека околу себе има заедница од жени подготвени да помогнат.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]