Познатите им читаат на децата (ВИДЕО)

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама започна со серија видеа на Интернет и секој понеделник во следните четири недели ќе им чита на децата некои од своите омилени детски книги. Кај нас, слична иницијатива потекна од сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска и 5 Плус Фамилија.

0
188

Деновиве, во услови на домашна изолација, поранешната американска прва дама Мишел Обама започна со серија видеа на Интернет, насловена „Понеделници со Мишел“, стриминг настан на „Јутјуб“ и „Фејсбук“ за време на кој, секој понеделник во следните четири недели, ќе им чита на децата некои од своите омилени детски книги.

Кај нас, слична иницијатива потекна од сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска и 5 Плус Фамилија.

Преку проектот „Раскажуваме заедно“ децата од предучилишна и училишна возраст ќе слушаат приказни за развојот и успехот на личности кои низ историјата, секој во своето време и во областа во којашто работеле, оставиле трага.

Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска ја раскажува првата приказна за животот на храбрата Малала Јусуфзаи – најмладата личност која некогаш била номинирана за Нобелова награда. Приказните од видео серијалот #РаскажувамеЗаедно ќе се бидат достапни на сите дигитални платформи на 5 Плус Фамилија (Facebook, YouTube и Instagram).

Покрај Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности, кои ќе ги споделат приказните за личностите кои нив ги инспирирале.

[better-ads type='banner' banner='999' ]